Драган Николиќ нов тренер на МЗТ

Српскиот кошаркарски стручњак, Драган Николиќ, од денеска е нов тренер на МЗТ, откако потпиша договор до крајот на сезоната со можност тој да биде продолжен и до јуни 2024 година.

– Станува збор за добро познато име за македонската спортска јавност, со оглед што во сезоната 2016/2017 повеќе од успешно го предводеше Карпош Соколи во АБА лигата и ни беше повеќе од достоен ривал во битката за титулата во првата лига, која на крајот ја обезбедивме дури по мајсторка. Николиќ има и македонски пасош со оглед на потеклото на неговото семејство од нашата земја, а згора на тоа негова сопруга е една од најдобрите македонски кошаркарки на сите времиња, Марија Видикова, објавија попладнево „сино-белите“.

Последен клуб на 50-годишниот Николиќ беше Борац од Бања Лука (2020-2022) со кој настапи на завршниот турнир од АБА2 годинава во април во Скопје. Претходно ги предводеше Игокеа, полски Кошалин, Младост Земун, а на почетокот на XXI век неколку сезони беше тренер на поранешниот женски гигант од Охрид, тимот на Профитнес.

Популарниот Гаги се очекува денеска да пристигне во Скопје, а дебито на клупата ќе го има в петок на гостувањето кај Цибона во натпреварот од од 13. коло од АБА лигата.

Македонскиот шампион пред неколку дена остана без тренер откако беше прекината соработката со Александар Петровиќ.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Кошарка

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе