
Во неделата вечер по локално време еруптираше вулканот Килауеа на Хавајските Острови исфрлајќи лава, гас и пареа.
Се работи за еден од најактивните вулкани на планетава, но сегашната ерупција беше далеку посилна и подраматична.
Хавајската вулканска опсерваторија приметила светлина во вулканот нешто по 21:30 часот по локално време во неделата, а потоа следувала и ерупцијата. Подоцна вулканот направил своевидно шоу исфрлајќи дел од лавата во височина како фонтана.
Последната ваква силна ерупција на овој вулкан се случи во 2018 година.