Древна гробница полна со злато откриена во Панама – таму се правеле морничави ритуали

Во древната култура Кокла, која ја населувала областа на Панама помеѓу 200 п.н.е. и 1550 година од нашата ера, се чини дека елитата не се грижела премногу за осаменоста во задгробниот живот.

Имено, во гробницата на младиот владетел на Кокла во долината Рио Гранде, стара приближно 1.200 години, археолозите пронајдоа докази за морничав ритуал на благородникот.

Тие откриле дека поглаварите и благородништвото во таа култура биле погребувани покрај нивните најблиски, како што се саканите слуги или сопруги, кои биле жртвувани за време на погребните церемонии. Во гробницата на владетелот на Кокла, откриена во 2011 година на местото Ел Кано, имало куп предмети од злато, но и коски на десетици луѓе. Самиот владетел бил закопан со лицето надолу и бил над телото на жената.

La complejidad de la liturgia ritual, la bien estructurada organización del espacio funerario, y la presencia de ricas...

Posted by Fundación El Caño-CIAI on Tuesday, March 5, 2024
Еден куп злато (и тела)

За време на ископувањата, кои ги спроведуваат во последните десет години на местото Ел Кано и блискиот Ситио Конте, археолозите пронајдоа бројни гробови во кои имало повеќе од едно тело. Но, ништо не го надмина раскошниот погреб на младиот владетел што се случил околу 750 година, пишува Science Alert.

Remote video URL

Луксузните предмети пронајдени во неговиот гроб веројатно имале религиозно значење. Меѓу грнчарските парчиња пронајдени се два појаси златни монистра, четири нараквици, две обетки во форма на маж и жена, обетка во облик на крокодил, ѓердан од монистра, пет обетки од китови заби, две златни чинии, две ѕвона, здолништа и нараквици направени од кучешки заби и комплет коскени флејти.

Со оглед на тоа дека ископувањата на оваа необична локација сè уште не се завршени, можеби бројот на жртвувани следбеници на владетелот на Кокла би можело да се зголеми. Археолозите претпоставуваат дека до него биле закопани меѓу 8 и 30 луѓе. Неопходно е да се изврши генетска анализа на коските за да се утврди точниот број на поединци, односно да се открие кои коски припаѓаат на која личност.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе