Два дена „Тивко кино“ на Синедејс

19-тиот Синедејс под слоганот „Филм на секое платнo“, годинава носи неколку новитети, кино програма под отворено небо, оживување на заборавените кино локации во Скопје, но и за прв овозможува „Тивко кино“ (Silent cinema) на два кино простора.

„Во густо населените средини, со цел да не им пречи на граѓаните кои живеат во непосредна близина, CINEDAYS ја покрена иницијативата ‘Тивко кино’. При проекција на филмовите не се создава бучава, секој ќе има можност звукот да го слуша на слушалки, и да има многу лично доживување на содржината“, вели Маргарита Арсова, координаторка на фестивалот.

„Тивко кино“ (Silent cinema) ќе се случува два дена, на 21 и 22 септември на локациите на кино Напредок и кино Маџари. На репертоарот се четири филма од програмата CINEDAYS ретро. Проекциите на филмовите и користењето на реквизитите (слушалките) е согласно протоколите за одржување на настани на отворено.

ПРОГРАМА НА CINEDAYS ЗА 21.9.

ГРАДСКИ ПАРК

20:30 | ORDINARY LOVE

*Гала премиера

режија: Lisa Barros D'Sa

Џоан и Том се долги години во брак. Нивната врска е исполнета со леснотија, која доаѓа од долгите години поминати заедно, како и длабоката љубов, изразена подеднакво преку нежности и хумор. Кога на Џоан неочекувано ѝ дијагностицираат рак на дојка, текот на нејзиното лечење ја става нивната врска на тест, кога се соочуваат со предизвиците пред нив и помислата што би можело да се случи доколку нешто ѝ се случи на Џоан. „Сосем обична љубов“ е приказна за љубовта, преживувањето и тешките прашања што животот ги поставува пред секој од нас.

22:30 | ГАГАРИН

*Официјална селекција

режија: Fanny Liatard, Jeremy Trouilh

Шеснаесетгодишниот Јури цел свој живот живее во кулите Гагарин, огромен станбен комплекс од црвени тули во периферијата на Париз. Сонува да стане космонаут. Кога ќе се дознае дека има план да се срушат кулите, Јури се приклучува на отпорот. Со неговите пријатели Дијана и Усам, започнува мисија да го спасат нивниот дом, кој станува негов „вселенски брод“.

МКЦ ПАРК

21:00 | Malmkrog

*Гала премиера

режија: Christi Puiu

Земјопоседник, политичар, грофица, генерал и неговата сопруга се собираат во огромен велепоседнички дом и дискутираат за смрт, војна, прогрес и моралност. Како што поминува времето, дискусијата станува сѐ посериозна и пожестока.

ПАРК ИБНИ ПАЈКО

20:00 | EЗЕРО МОЕ

*МК во ЕУ

режија: Ѓерѓ Џувани

Младиот Крсто живее во село крај прекрасното Преспанско езеро, водна површина поделена на границите на три балкански држави, Албанија, Македонија и Грција. За да му помогне на семејството, Крсто станува ситен препродавач на марихуана, користејќи ги својот чамец и познавањето на водите на езерото за да пренесува пакетчиња дрога од албанската на македонската страна.

22:00 | МАТРИЈАРХ

*ЅЕЕ програма

режија: Јуре Павловиќ

Јасна, Хрватка што долги години живее во странство, се враќа во родниот град да се грижи за мајка ѝ, која е на смртна постела. Но дури и врзано за кревет, неподвижното тело на нејзината мајка сѐ уште зрачи со застрашувачки авторитет над сите околу неа. Како што минуваат деновите, Јасна се заплеткува во мрежата на замерки од кои очајно се обидувала да побегне. Ќе успее ли најпосле да се спротивстави на мајка си или пак ќе пропадне во нејзината задушувачка прегратка?

КИНО НАПРЕДОК (POP UP кино)

ТИВКО КИНО

20:00 | ХЕРБЕРТ

режија: Томас Стубер

Поранешниот шампион во бокс на Источна Германија, Херберт, нема победа во животот уште од падот на Берлинскиот ѕид. Денес тој е вратар и рекетар и се обидува да го оживее минатото, тренирајќи го неговиот млад штитеник Еди. По еден тренинг, Херберт, ненадејно паѓа грчејќи се во болки. Сепак на почетокот решава да ги игнорира знаците. Но кога физичките проблеми стануваат сé поочигледни. Херберт конечно оди на прегледи кај специјалист, кој му дијагностицира неизлечива нервна болест. Му преостанува малку време и Херберт се бори со себе и со грубиот карактер што го развил низ годините.

ТИВКО КИНО

22:00 | Мустанг

режија: Дениз Рамзе Ергувен

Доаѓа лето. Во едно село во северна Турција, Лале и нејзините четири сестри се враќаат дома од училиште и патем невино си поигруваат со неколку момчиња. Неморалот на нивната игра доведува до скандал со неочекувани последици.

Семејниот дом полека се претвора во затвор. Училиштето е заменето со домашно школување, а почнуваат да се договараат и бракови. Петте сестри што ја делат истата страст за слобода, наоѓаат начин да ги заобиколат наметнатите ограничувања.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе