Двејн Џонсон ја сподели животната филозофија за неговиот успех

Двејн Џонсон, познат како The Rock, го припишува својот успех на неверојатната работна етика што ја научил од татко му.

Како борач, пред секој меч се молел за сила да остави сѐ во рингот. Таквата посветеност и труд започнуваат со цврст став.

Актерот неодамна сподели едноставен трик кој секоја ситуација ја трансформира во позитивно искуство. Тој ја заменува фразата „морам да“ со „имам можност да“.

Овој тип на преобликување го користат луѓе кои практикуваат позитивна психологија, па Џонсон веројатно не го смислил самиот. Но, одлично е што може да ја искористи својата огромна платформа за да ја сподели со луѓе кои можеби не се запознаени со неа.

На својот профил на Instagram тој им се обрати на следбениците: „Ќе споделам со вас филозофија која ми помогна да постигнам одреден успех во текот на годините. Кога станува збор за напорна работа и работи за кои сум страстен - пред неколку години престанав да велам ‘морам да’ и почнав да кажувам ‘имам можност да’“, вели Џонсон.

„Тоа е голема психолошка промена во начинот на кој пристапувате кон секојдневните срања што треба да ги направиме. Имам можност да тренирам напорно и да се туркам надвор од границите. Имам можност да изгубам и да се вратам посилен. Имам можност да бидам најупорниот работник во просторијата“, вели тој во објавата.

Тој продолжи: „Затоа што кога имате можност да ги правите работите што ги сакате - тоа е привилегија. Обидете се да го трансформирате ‘морам да’ во ‘имам можност да’ и почнете да ја чувствувате таа моќ, благодарност и раст.“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by therock (@therock)

Филозофијата на Џонсон не функционира само за луѓе на кои им е потребна мотивација да постигнат успех во теретана. Може да се користи за какви било животни предизвици што вообичаено ги правите неволно и без самодоверба, за да си дадете шанса да растете и напредувате.

Фокусирањето на негативните аспекти на предизвикот нè спречува да ги видиме можностите или едноставно да уживаме во моментот.

реклама

САД ѝ го блокираа на Русија плаќањето на долговите, ја принудуваат на банкрот

Read more

Брозовиќ на суд ја демантираше аферата со Ванда Нара: Имав проблеми со сопругата

Read more

Кои хороскопски знаци ќе ја запознаат љубовта на својот живот до крајот на мај?

Read more

Секси и самоуверена: Најубавата Романка на сите времиња привлече внимание во Кан

Read more

Филм & ТВ

По 19 сезони дојде крај за шоуто на Елен Деџенерис, денес е последната епизода

Read more

Кејт Мос: Џони Деп никогаш не ме турнал, ниту ме удрил

Read more

Искрен трејлер за Morbius

Read more

Топ 10 најлоши работи кои ги направи Шелдон

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

По 19 сезони дојде крај за шоуто на Елен Деџенерис, денес е последната епизода

Читај повеќе

Кејт Мос: Џони Деп никогаш не ме турнал, ниту ме удрил

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за Morbius

Читај повеќе

Презакажан концертот на Дајте музика

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најлоши работи кои ги направи Шелдон

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е филмот што го засени „Top Gun“ во Кан?

Читај повеќе
  • play_arrow

Шок и гадење: Публиката во Кан не можеше да го „свари“ новиот филм на Кроненберг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Кристијан Бејл непрепознатлив во трејлерот за новиот филм за Тор

Читај повеќе

Концертот на Deep Purple пориди временските услови се сели во СЦ Борис Трајковски

Читај повеќе