EA Sports ги отстранува руските тимови од своите игрици

Поради санкциите воведени од ФИФА, УЕФА и ИИХФ компанијата одлучи и од виртуелниот свет да ги суспендира сите тимови кои доаѓат од Русија.

Гигантот во производтсвото на видео-игрици, EA Sports, ги отстрани руските клубови и руската репрезентација од игриците „FIFA 22“ и „NHL 22“.

Ова доаѓа откако претходно УЕФА стави забрана руските тимови да се натпреватруваат во европските купови, што резултираше со исфрлање на московски Спартак од Лига Европа, единствениот преостанат руски клуб во Европа. А, пак ФИФА одлучи да ја суспендира руската репрезентација и да ја исфрли од квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар.

„EA Sports покажува солидарност со украинскиот народ и како и многубројните повици од фудбалскиот свет, повикува на мир и прекин на инвазијата врз Украина“, почнува соопштението на EA Sports.

„Во согласност со нашите партнери во ФИФА и УЕФА, EA Sports отпочна процес на отстранување на руската репрезентација и сите руски тимови од EA Sports FIFA производите вклучително: 'FIFA 22', 'FIFA Mobile' и 'FIFA Online'. Воедно, активно ги евалуираме и сите останати промени во нашите игрици“.

URL

И љубителите на хокејот наскоро нема да можат да играат со руските клубови бидејќи отстранувањето ја вклучува и игрицата „NHL 22“ откако Русија доби суспензија и од ИИХФ.

„Согласно суспензијата на ИИФХ за сите руски и белоруски репрезентации и тимови од натпреварувањата на ИИХФ, ќе ги отстрануваме овие тимови од 'NHL 22' во наредните недели. Ние сме со народот на Украина и се приклучуваме кон повикот за мир од целиот свет“.

URL
реклама

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе