Една е мајка: Најубавите цитати за мајките

Иако нашите мајки за нас се херои и најголема поддршка, сепак не им кажуваме доволно колку многу ги цениме. Секој ден е посебен да им покажеме колку ни значи нивната грижа, нивната поддршка, нивната безрезервна љубов.

Мајката ни е првиот најдобар доживотен пријател, таа е најчистата форма на љубов која постои пред нас. Без разлика на годините и ситуациите, секогаш на мајките треба да им искажуваме љубов и почит, без разлика дали станува збор за вашата мајка, мајката на вашиот сопруг или вашата сопруга, мајката на вашите деца, мајката на вашата мајка/татко, мајката на вашиот пријател.

На мајките во вашиот живот треба да им покажете благодарност и љубов секој ден и на секој чекор, не само еден ден во годината. Затоа, убаво е да ги прочитате некои од најпознатите цитати на оваа тема, кажани од славни личности, писатели, филозофи.

„Мајките се како лепило. Дури и кога не ги гледате, тие сè уште го сплотуваат семејството“. – Сузан Гејл.

„Мојата мајка е чудо кое оди“. – Леонардо Дикаприо.

„Мајката го разбира дури и тоа што детето не го кажува“. – еврејска поговорка.

„На светот им требаат нашите мајки“. – Лија Кебеде.

„Мајките се раѓаат во ист момент кога и децата. Претходно не постоела, постоела жената, но мајката никогаш. Мајката е нешто сосема ново“. – Рајниш.

„Мајките никогаш не се сами во мислите. Мајката секогаш мора да размислува двапати, еднаш за себе и еднаш за своето дете“. - Софија Лорен.

„Еден маж најмногу си ја сака девојката, најдобро сопругата, но најдолго си ја сака мајката“, ирска поговорка.

„Никогаш немој да се омажиш за човек кој ја мрази својата мајка. На крајот и тебе ќе те замрази“. - Џил Бенет.

„Мајчиното срце е длабока бездна на чие дно секогаш ќе најдеш простување“. - Оноре де Балзак.

„Од сите права што ги имаат жените, најдобро е што можат да бидат мајки“. - Лин Јутанг.

„Ако сè на овој свет е несигурно, мајчината љубов не е“. - Џејмс Џојс.

„Сите жени стануваат како нивните мајки. Тоа е нивната трагедија. Ниту еден маж не станува како својата мајка. Тоа е нeговата трагедија.“ - Оскар Вајлд.

„Бог не може да биде насекаде, па затоа ги создал мајките“, еврејска поговорка.

„На светот постои само едно убаво дете и секоја мајка го има“, кинеска поговорка.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе