Едноставен, а со совршен вкус: Рецепт за ликер од смоква

Ликер може да се направи од кое било овошје. Ликерот од смоква ќе има жолтеникава бока, а за да го направите може да употребите свежи или суви смокви.

Овој рецепт може да го приготвите со помош на вотка, ракија или рум.

Ликер од суви смокви:

  • 0,5 л вотка
  • 100 г суви смокви
  • 25 до 150 г шеќер или мед
  • 200 мл вода

Начин на подготовка:

Прво измијте ги добро смоквите и исечете ги на помали парчиња, па ставете ги во  стаклен сад. Додадете шеќер или мед по желба, не заборавајте дека смоквите се благи па за почеток е добро да ставите помалку шеќер.

Смоквите залејте ги со вотка и ставете ги во затворен стаклен сад на сончево место околу еден месец. Повремено мешајте, без да го отворите садот. По еден месец тргнете го од сонце и процедете го ликерот низ газа.

Пробајте го, ако е потребно додадете шеќер. Ако е доволно сладок само додадете вода по желба за да не биде прејак.

Освен вотка може да ставите рум или ракија.

Ликер од свежи смокви:

  • 1 л ракија
  • 20 парчиња смокви
  • 150 г шеќер
  • 300 мл вода
  • кора лимон

Начин на подготовка:

Важно е да ги оберете смоквите додека се целосно зрели и веднаш со нив да направите ликер бидејќи се чувствителни, па за неколку дена нема да бидат во состојба за јадење, пред подготовката, исечете ги сите расипани делови. Сварете ги смоквите во вода во која сте го ставиле шеќерот.

Варете додека не добиете густ сируп и додадете кора лимон, по желба. оставете да се олади, па процедете низ газа во шише и додадете ракија или друг алкохол. Убаво протресете и затворете го шишето да стои два дена.

Овој ликер може да стои на темно место и до 3 години без да се расипе.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе