Египетската исламска елита застана во одбрана на Салах и неговата божикна честитка

Популарниот египетски фудбалер Мохамед Салах предизвика лавина критики на социјалните мрежи откако и оваа година сподели фотографија со своето семејство во празнична атмосфера воочи католичкиот Божик. Муслиманските фанови на Салах се незадоволни што нивниот омилен фудбалер прави вакви фотки, па се огласи дури и највисокото исламско тело во Египет за да ја смири ситуацијата.

Профилите на социјалните мрежи каде што е активен Салах деновиве се преплавени со критики поради двете фотографии на кои се појавува тој заедно со сопругата и двете ќерки во новогодишни пижани и пред накитена елка.

Некои од критичарите го нападнаа египетскиот играч со коментари од типот „ваквата фотографија ќе те приближи до Англичаните, но ќе изгубиш многу муслимански фанови од арапскиот свет“, „Доста му се поклонуваш на Западот, ти си пример за муслиманската младина“, а некои дури и го нарекоа „неверник“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah)

Малку се коментарите кои го поддржуваат или бранат Салах, а дополнително го критикуваа што на ист начин не ги одбележува исламските празници.

Двете фотографии објавени во еден пост собраа речиси 4 милиони лајкови, а Салах ја исклучи опцијата за оставање коментар.

После сета лавина, египетскиот Дар ал-Ифта, највисокото египетско исламско советодавно тело, кое на муслиманите им нуди верско водство и совети преку издавање фатва за секојдневни и современи прашања, го изнесе својот став за потегот на Салах.

„Во шеријатот не постои забрана да им се честита на немуслиманите за нивните празници и тоа не е отстапување од исламот како што велат некои екстремисти. Да им се честитаат празниците на сограѓаните во земјата е дел од добрососедство, возвраќање честитки и соживот, а тоа се благородни човечки принципи кои се бараат во шеријатот и сунизмот, кои се практикувани во житието на Пророкот“, се наведува во соопштението на Дар ал-Ифта.

URL
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе