Епидемиолошката ситуација е стабилна, нема нови рестриктивни мерки

Министерот Венко Филипче, по состанокот на Комисијата за заразни болести, соопшти дека е стабилна епидемиолошката ситуација во земјава и дека нема потреба да правиме некаква форма на рестрикција.

„Стабилна е епидемиолошката ситуација. Двонеделната инциденца се намалува со некаде околу 14 проценти и минатата недела има околу пет проценти помалку дијагностицирани случаи во однос на онаа недела претходно и во болниците има поголем број слободни кревети, вклучително и на Инфективната клиника каде прилично долг временски период немаше места за хоспитализирање на пациентите, па ги праќавме во другите болници, изјави денеска министерот за здравтго Венко Филипче по состанокот на Комисијата за заразни болести. 

Посочи дека разговарале со колегите за новиот сој, тоа е сега актуелна тема, детектиран во Јужноафриканска Република и во некои европски земји.

– Гледаме дека некои земји преземаат некаква форма на рестрикција. Сепак, нашиот заклучок е дека остануваме со сегашниве мерки. Сè уште нема доволно познати информации. Иако СЗО укажува на тоа дека можеби е полесно пренослив, сепак директорот на Американскиот институт за здравство д-р Колин смета дека и за тоа нема доволно информации. Можеби се тука некаде по степенот на преносливост со делта сојот. Сметам дека рестрикција некаква во однос на затворање на граници на секој што доаѓа од одредени земји нема да даде ефект поради тоа што очигледно се детектирани во некои европски земји и досега видовме дека кога нов сој ќе се појави едноставно не може да се спречи, да остане ограничен на една територија каде било во светот. Очигледно е дека соеви ќе се јавуваат и понатаму, така што остануваме со овие мерки коишто сметаме дека се добро димензионирани. Се става акцент на вакцинацијата. Ако некој не е вакциниран може да патува со ПЦР-тест, рече Филипче.

Во однос на мерките како критериум за излез, потенцира, ги штитиме околните земји, а се штитиме со овие мерки и за влез во земјата.

– Така што, остануваме со овие мерки засега. Секако дека ја пратиме ситуацијата. Сè уште е рано, овој е прилично нов сој, допрва ќе дознаваме информации, но од тоа што досега го знаеме сметам дека нема потреба да правиме некаква форма на рестрикција. Во однос на мерките како критериум за излез ги штитиме околните земји, а се штитиме со овие мерки и за влез во земјата. Така што, остануваме со овие мерки засега. Секако дека ја пратиме ситуацијата, рече Филипче.

Очигледно е, нагласи, дека соеви ќе се јавуваат и понатаму, така што остануваме со овие мерки кои смета дека се добро димензионирани.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе