ЕСА ја прекина соработката со Роскосмос во мисијата за ExoMars

Европската вселенска агенција ЕСА ја прекина соработката со руската вселенска агенција Роскоскомс во мисијата ExoMars 2022.

Лансирањето на мисијата ExoMars 2022, односно роверот наменет за истражвуање на Црвената планета, требаше да биде извршено во септември, но ЕСА денеска соопшти дека соработката со Роскосмос е прекината. Како причина е наведена руската инвазија на Украина.

„Како меѓувладина организација која за задача има да развива и имплементира вселенска програма со почитување на европските вредности, длабоко жалиме поради човечките жртви и трагичните последици од агресијата на Украина. Иако е свесна за влијанието на научното истражување на вселената ЕСА во целсот е ускладена со санкциите воведени на Русија“, стои во соопштението на ЕСА.

Советот на ЕСА на состанок во Париз ја процени ситуацијата во Украина која се однесува на мисијата ExoMars и донесе едногласна одлука. Заклучено е дека соработката со Роскосмос во мисијата за роверот ExoMars за 2022 година не може да продолжи и генералнито директор на ЕСА е овластен да преземе чекори за запирање на соработката.

Исто така, овластен е да спроведе брза процена за што подобро да се дефинираат достапните опции за понатамошно имплементирање на мисиите на рвоерот ExoMars.

По одлуката на Роскосмос да го повлече својот персонал од Европското вселенско пристаниште во Француска Гвајана, сите мисии планирани за лансирање со ракетата Сојуз се ставени на чекање.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе