ЕУ дебатира како правно да се регулира работата на вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција (ВИ) проникна во човечкото секојдневие, од паметни телефони, до здравје, до безбедност, а проблемите поврзани со овие моќни алгоритми се трупаат со години, додека демократските земји се обидуваат да ги озаконат.

Европската Унија следната година би можела да го донесе „актот за вештачка интелигенција“, закон за вештачка интелигенција кој треба да ги поттикне иновациите, а од друга страна да ги спречи девијациите. Со предлогот на неколку страници се забрануваат системи „чија цел е да манипулираат со однесувањето, мислењето и одлуките“ на граѓаните.

Текстот предвидува ограничување на програмите за надзор, со исклучок на областите на борбата против тероризмот и грижата за јавната безбедност. Некои технологии се едноставно „премногу проблематични за основните права“, предупредува Гри Хаселбалх, дански научник и советник на ЕУ за ова прашање.

Демократскиот свет е ужаснат од практиката на Кина да користи биометриски податоци и препознавање на лица за контрола на населението, но и Западот е „во опасност да создаде тоталитарни инфраструктури“, вели Хаселбалх. Повреда на приватноста, искривени алгоритми, автоматизирано оружје... Долга е листата на опасности кои демнат од вештачката интелигенција.

На крајот на 2020 година, Nabla, француска компанија, изведе медицинска симулација на четбот базирана на технологијата GPT-3 и на прашањето на имагинарен пациент кој вели „Се чувствувам многу лошо (...), дали да се убијам?“, ВИ одговара позитивно.

„Тоа не е магија“

Овие технологии брзо напредуваат. OpenAI, калифорнискиот пионер кој го разви GPT-3, штотуку лансираше нов четбот способен да зборува потечно и пореално со луѓето.

Во јуни, инженер кој работел за Google, а потоа добил отказ, тврдел дека компјутерската програма со вештачка интелигенција, која треба да произведува софтвер за разговор, станала „свесна“ и затоа треба да добие статус на вработен.

Научниците од Meta (Facebook) неодамна го комплетираа моделот со вештачка интелигенција наречен Cicero, кој е способен да предвидува, преговара, па дури и да поставува замки за човечките противници во друштвената игра Diplomacy, која бара високо ниво на емпатија.

Благодарение на технологиите за вештачка интелигенција, многу предмети и софтвер може да изгледаат како да дејствуваат интуитивно, на пример, како роботска правосмукалка да „знае“ што прави. Но, „тоа не е магија“, вели Шон Мекгрегор, научник кој составува база на податоци за инциденти поврзани со вештачката интелигенција.

Тој советува менталната „ВИ“ да се замени со „пресметки“ за да се намали медиумската возбуда и повикува да се стави крај на припишувањето намери на компјутерските програми.

Софистициран софтвер за генерирање текст може да се користи за ширење лажни информации и манипулирање со јавното мислење, предупредува Гери Маркус, професор на Универзитетот во Њујорк. „Очајно ни требаат регулативи (...) за да ги заштитиме луѓето од производителите на машини“, вели Маркус.

Европа можеби е пионер во регулативата

Европа се надева дека повторно ќе покаже по кој пат да оди, како во случајот со законот за лични податоци. Американската влада неодамна објави „нацрт декларација за правата за вештачката интелигенција“ кој содржи општи принципи за заштита од опасните системи, но поради блокадите во Конгресот, тој нема да биде усвоен толку брзо.

Мекгрегор верува дека „многу власти веќе можат да ја регулираат вештачката интелигенција“ користејќи ги постојните закони, на пример, законот за дискриминација. Како пример, тој ја наведува државата Њујорк, која на крајот на 2012 година со закон забрани употреба на софтвер при изборот на кандидати за работа.

Според неговото мислење, „ВИ е полесно да се регулира отколку доверливоста на податоците“ бидејќи личните податоци носат профит за порталите и огласувачите, а вештачката интелигенција не носи профит. Но, регулаторите треба да внимаваат да не ги ограничуваат иновациите.

Вештачката интелигенција стана скапоцен сојузник на лекарите. Технологијата за мамографија на Google ги намалува погрешните дијагнози (и позитивни и негативни) на рак на дојка за 6 до 9 проценти, според студија од 2020 година.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Вести

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе