ЕУРО2016: Унгарија, Словачка и С.Ирска обезбедија осминафинале

Резултатите од последното коло во групите Ц и Д промовираа уште три селекции во осминафиналисти на Европското првенство во фудбал. Нокаут фаза изборија Словачка, Северна Ирска и Унгарија, додека Турција го чека расплетот од последното коло во групите Е и Ф.

Осминафинале како први и втори во своите групи досега изборија Франција и Швајцарија (Група А), Велс и Англија (Група Б), Германија и Полска (Група Ц), Хрватска и Шпанија (Група Д) и Италија (Група Е).

Селекцијата на Унгарија, благодарение на резултатите од третото коло во групите Ц и Д се пласира во осминафиналето, а последните две средби во Ф групата, во кои ќе играат Унгарија-Португалија и Исланд-Австрија ќе го одредат од која позиција на табелата Унгарците ќе одат во нокаут фазата.

Денеска осминафинале би можеле да изборат Белгија ако не загуби од Шведска, Шведска ако ја победи Белгија, Португалија ако не загуби од Унгарија, односно Исланд ако не биде поразен од Австрија.

Покрај Шведска, единствено победа во нокаут фазата ги носи Ирците од Е групата и Австријците од групата Ф.

Расплет чекаат и Турција како една од најдобрите третопласирани селекции и Албанија. Турците по победата над Чешка (2-0), имаат три бода и гол разлика 2:4.

Од првенството веќе се елиминирани Романија, Русија, Украина и Чешка.

На Европското првенство, денеска ќе заврши првата фаза со мечевите кои ќе се одиграат во групите Е и Ф. Од 18 часот ќе играат Португалија-Унгарија во Ф групата, а од 21 часот во Е групата ќе се сретнат Италија-Република Ирска и Шведска-Белгија.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе