Евгениј Поп Ацев влегува во Куќата на славните на маратонското пливање

Евгениј Поп Ацев, eден од најдобрите пливачи во историјата на Mакедонија, доби големо признание на глобално ниво.

Меѓународната организација Куќа на славните во мартонското пливање објави дека Поп Ацев ќе стане нивни член на следниот собир, во мај 2024 година.

„Најголема чест и привилегија е да се биде во ,Куќата на славните за маратонското пливање (ИМСХОФ) во друштво на најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го тоа што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија имам придонесено и оставено белег во светот на маратонсктоо пливање“.

„Многу сум благодарен на ИМСХОФ за номинацијата, изборот и за ова големо признание од ваква голема светска организација. Исто така и на сите што беа дел од мојата пливачка кариера и ме подржуваа во изминативе 20 години“, напиша Поп Ацев на социјалните мрежи.

Кариерата на Поп Ацев траеше 14 години (2007-2021). Двапати, во 2015 и 2017 година, победи во Светскиот гран-при во маратонско пливање. Ултра-маратонската серија на Светската пливачка органзација (ФИНА) ја освои во 2019 година.

Во Куќата на славните, Евгениј Поп Ацев ќе биде примен на 18 мај следната година во Канкун, Мексико.

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Останати спортови

Маркес: Фаворит сум за титулата, но уште една нема да ми го промени животот

Read more

Планетата го доби најбрзиот белец во историјата

Read more

Погачар по петти пат победи на Тур де Франс и влезе во историјата

Read more

Лут возач нападнал велосипедист на Тур де Франс

Read more

Спорт

  • play_arrow

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Читај повеќе

Поранешни НБА играчи сакаат да играат во ВНБА, комесарот реагира итно

Читај повеќе

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Читај повеќе

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Читај повеќе

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Читај повеќе

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Читај повеќе

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Читај повеќе

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Читај повеќе

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Читај повеќе