Евростат: 7.147 граѓани на Северна Македонија во 2019 добиле државјанство на ЕУ

Повеќе од 706.000 луѓе во текот на 2019 година добиле државјанство на некоја од земјите на ЕУ, а меѓу „новите Европејци“ приближно секој десетти потекнува од Западен Балкан, покажаа податоците на европската статистичка агенција Евростат.

Најмногу нови државјани во текот на 2019 година добиле Германија, Италија, Франција, Шпанија и Шведска, а повеќето се од Мароко, Албанија и Обединетото Кралство.

Од Западен Балкан, најмногу нови државјани на ЕУ доаѓаат од Албанија (41.703), следуваат Србија (10.297), Косово (8.047), Северна Македонија (7.147) и Босна и Херцеговина (6.977).

Според Евростат, граѓаните на Западен Балкан најчесто аплицирале за германско и италијанско државјанство, како и за државјанство на Франција, Шпанија и Шведска, но и на некои од поранешните југословенски републики.

Во 2019 година, Словенија доби 1.911 нови државјани, претежно од Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија, а Хрватска 1.121, претежно од Босна и Херцеговина, Косово и Србија.

Како и претходните години, Романците, Полјаците и Италијанците се трите најбројни групи на државјани на ЕУ кои во 2019 година добиле државјанство на друга членка на Унијата.

Стапката на натурализација (бројот на натурализирани во однос на бројот на странци во една земја) е најголема во Шведска - 7%, Романија - 4,7% и Португалија - 4,4%, објави Евростат.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе