Младата ѕвезда на Јувентус, Николò Фаџоли, призна дека се обложувал на натпревари и поради тоа го чека жестока казна.
22-годишниот играч од средниот ред на италијанскиот гигант е вмешан во кривична истрага насочена кон корисниците на нелегални онлајн обложувачки платформи, а според тврдењата на Corriere della Sera, тој признал дека се обложувал, но неговите адвокати веќе подготвиле интересна одбрана.
Адвокатите кои го застапуваат Фаџоли ќе се обидат да му ја намалат казната со тврдење дека тој е зависник од обложување, но и дека никогаш не се обложувал на натпревари на Јувентус.
Играч за кој ќе се утврди дека се обложувал на фудбалски натпревари може да биде казнет со тригодишна суспензија и парична казна од најмалку 25.000 евра.
Доколку судот ги прифати аргументите на одбраната, Фаџоли сигурно ќе добие полесна казна, но ќе мора да оди на лекување и да се откаже од коцкањето.