Фановите ја молат Донатела Версаче да не го продава легендарниот бренд

Американскиот моден гигант „Michael Kors“ потврди дека ќе го купи италијанскиот моден бренд „Versace“ за 2,1 милијарда долари – потег што ги вознемири фановите на легендарната италијанска модна куќа.

Профилите на социјалните мрежи на креативната директорка и наследничка на модната империја, Донатела Версаче, се преплавени од пораки во кои фановите ја молат да не го продава брендот и укажуваат на тоа дека ваквиот потег ќе ја намали вредноста на поимот „Версаче“.

Донатела застана на чело на модната куќа во 1997 година откако беше убиен брат ѝ, дизајнерот Џани Версаче, кој ја оформи компанијата пред четири децении.

„Versace ќе изгуби многу од својата привлечност ако Kors го купи брендот. Michael Kors е луксузен бренд, но Versace е елеганција и висока класа. Облека и модни додатоци кои зборуваат за тебе. Што ќе стане ако го поседува друг ентитет?“, гласи една од пораките до Донатела.

Карактеристичниот стил на брендот е причината што ѕвезди од различни сфери го сакаат и промовираат со децении. Нема друг бренд што бил позастапен во весниците и списанијата врз основа на тоа дека го носеле познати личности на важни настани.

Клучен момент за Версаче беше кога тогаш непознатата Елизабет Харли се појави во сега веќе славниот црн фустан на италијанскиот дизајнер, како придружничка на мегапопуларниот Хју Грант, на премиерата на филмот Four Weddings and a Funeral. Таблоидите не можеа да престанат да пишуваат за фустанот, а Versace, што до тогаш беше само уште еден италијански моден бренд, стана синоним за „ТОЈ фустан“.

Познати фанови на брендот беа Мајкл Џексон, принцезата Дијана и Елтон Џон, а од поновите генерации ѕвезди Ники Минаж, семејството Бекам, како и сестрите Кардашијан и Џенер.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе