Фасцинантна трансформација: Британка покажа како изгледа пред и по разводот

Дали познавате луѓе кои буквално „процветале“ по раскинување или развод? Лошата врска или брак можат да имаат негативни последици на здравјето, но и на изгледот на една личност.

Доказ за тоа е 42-годишната Британка Ема Шепард која пред една година се развела од сопругот со кого минала скоро 20 години во брак.

За жал, бракот не бил исполнет со среќни моменти, а поради недостиг на време за себе и брзиот стил на живеење, Ема била длабоко несреќна и тоа на крајот се одразило на нејзиниот изглед.

Откако оваа мајка на две девојчиња почнала да си посветува време и за себе, нејзиниот изглед целосно се трансформирал. Ема почнала да вежба, престанала да консумира брза храна, си отворила профил на Tinder и почнала да излегува со други мажи.

Засега не е во врска со некого. Вели дека се омажила релативно млада, на 22 години и на почетокот мислела дека има сѐ што и треба за среќен живот.

„Се омажив за цел живот. Мојот свет беа тој, девојчињата и работата. Се чувствував како сѐ да ми е средено“, вели Ема. „Претходно секогаш гледав да работам и да се грижам за сите. Но, еден ден откако се разведов, сфатив дека мене ми е дојден редот. Изгледав старо, празно и исцрпено, но сега живеам друг живот. Се чувствувам неверојатно. Убавината навистина доаѓа од внатре“, вели таа.

Откако сопругот се отселил од заедничкиот дом, кон крајот на 2021 година разводот е финализиран. Ема од 20 цигари на ден почнала да пуши само 4. Почнала пет пати неделно да тренира, а ја променила и исхраната. Нездравите оброци ги заменила со здрави намирници.

Целосно го променила и стилот на облекување, а сега нејзините парчиња облека се со весели, поживи бои.

„Сѐ во врска со мене сега е поразлично. Луѓето велат дека изгледам неверојатно за разлика од претходно, а јас мислам дека тоа е така затоа што сум среќна од внатре. Најчудно од сѐ е што постојано верував дека сум среќна во бракот“, објаснува Ема за Daily Mail.

 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе