Фетел: Не исклучувам враќање во Ф1

Ф1
Ф.З.
/ 14.09.2023 / 15:38

Четирикратниот Ф1 светски шампион, Германецот Себастијан Фетел, во разговор за Sky Sports откри дека не ја исклучува можноста за враќање во Формула 1 шампионатот од каде се откажа во 2022 година.

Фетел 4 пати беше светски Ф1 првак (2010, 2011, 2012 и 2013), а во кариерата оствари 53 гран при победи.

Од формулата се откажа на крајот од 2022 година по двегодишниот ангажман во тимот на Астон Мартин.

Во интервју за Sky Sports беше прашан дали постои можност да тргне по стапките на Алан Прост, Ники Лауда, Најџел Мансел, Кими Раиконен и Фернандо Алонсо, кои се вратија во Ф1 по одредена пауза. Фетел одговори: „Не можам да кажам не, бидејќи никогаш не се знае“.

„Да сте ги прашале сите нив, веројатно некои ќе ви кажеле 'не', други 'не знам', а на крајот сите се вратија. Затоа не можам тоа да го исклучам. Ќе зависи од предизвикот, каков и да е, но во моментов тоа не ми е во глава“, рече 36-годишниот Германец.

Истакна дека е во добра форма откако си замина од Ф1.

„Во добра форма сум, но затоа што така сакам. Претпоставуивам дека мојаот врат (сила) не е на потребното ниво, но сѐ останато е прилично добро, би рекол“.

Фетел сите 4 титули ги освои во болид на Ред Бул, а низ својата кариера возеше и за БМВ Заубер, Торо Росо, Ферари и Астон Мартин.

реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Ф1

Необична потрага во Абу Даби: Член на Мерцедес ангажирал нуркач за да го најде изгубениот прстен

Read more

Верстапен прекрши непишано правило, не ги честеше колегите вечера

Read more

Верстапен: Зад нас е неверојатна година, но секогаш сакаме да бидеме подобри

Read more

Верстапен победи и во Лас Вегас, Леклер во последниот круг го престигна Перес

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Македонија ЃП бара оставки во Судиската организација

Читај повеќе
  • play_arrow

Ајнтрахт го декласира Баерн – пукна петарда во мрежата на Нојер

Читај повеќе
  • play_arrow

Што се случува во Евертон?

Читај повеќе

Анчелоти: Не ми требаат пари, не би заминал во Саудиска Арабија за 500 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Fun with Flags со Фримпонг од Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се менува рамнотежата на моќ во светскиот фудбал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна партија на Леброн Џејмс за финалето на НБА Купот

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрите десни крила во фудбалот во 21 век

Читај повеќе

Македонија У-19 ги доби противниците за пласман на ЕП

Читај повеќе