Филипче: Граѓаните заслужуваат нов клинички центар, пратениците на опозицијата да го одблокираат законот

Министерот за здравство Венко Филипче ја повикува опозицијата да го одблокира законот во Собрание со чие донесување ќе се овозможат активности за изградбата на новиот клинички центар планиран на локација во Ѓорче Петров.

Партиските разлики, порача денеска ресорниот министер, треба да се надминат кога станува збор за здравјето на граѓаните. За изградбата на новиот клинички центар претходеа дебати со експерти и пратеници, целиот процес е јавен и транспарентен, а новото законско решение е можност со опозицијата заеднички да се направи нешто што е важно за граѓаните.

– Жалам што со 2.000 амандмани опозицијата го блокираше законот на Комисијата за здравство во Собранието. Од самиот почеток постапката за изградбата на Клинички центар е отворена и транспарентна. Во Собранието имавме една јавна дебата заедно со експерти, пратеници од претходниот парламентарен состав ја објаснувавме идејата зошто и како е избрана локацијата, зошто беше прекинат оној претходен проект. Во делот на транспарентноста и отвореноста навистина верував дека ќе најдеме заеднички јазик и дека опозицијата ќе се приклучи кон овој проект. На граѓаните да им покажеме дека тоа што е важно да се направи за нив, имаме капацитет да го направиме заеднички, дека ќе ги надминеме овие разлики, дека нема да го блокираат законот. Секогаш кога опозицијата сака да напарави таква работа веднаш обвинува за криминал, за дивоградби итн, вели Филипче во пишана изјава.

Со новиот клинички центар, објаснува, ќе се овозможи интегриран систем на здравствена услуга како што е пракса секаде во светот, односно физички една или неколку блока од згради да бидат споени, на тој начин најбрзо се добива здравствена услуга. Претходниот проект беше прекинат од неколку причини.

– Тоа беше проект кој што не беше вистински Клинички центар беше само нова зграда за интерни одделенија. Хирургија остануваше стара, Кардиологија надвор, Педијатрија надвор, Инфективни болести надвор, Максиофацијална хирургија надвор, Клиниката за онкологија надвор од тој нов блок и тука немаше апсолутно никаква логика, а требаше да чини околу 120 милиони евра, па ние ги изреновиравме сите интерни одделенија за некоја мала сума којашто не може да се спореди со оваа. Јасно е зошто е избрана локацијата Ѓорче Петров, онаа првична локација во Злокуќани  имаше многу приватни парцели и требаше да влеземе во фаза на обештетување кое ќе одземеше многу време, а и многу ќе чинеше. Новизбраната локација е чисто државно земјиште, наведува министерот.

Две најреномирани европски комапнии аплицираа и се квалификуваа во втората фаза на конкурентниот дијалог – германската Vamed и француската Bouygues construction. Едната компанија со одлична експертиза во делот на физичката градба и другата компанија во делот на опремувањето и ставањето во функција на новиот Клинички центар.

– Целта на Законот е да се дозволи двете компании, за што тие се подготвени, да дадат една понуда, не се конкурентни една на друга едноставно во делот на сопставената експертиза да го направат најдоброто што треба, за нашите граѓани да имаат една современа болница. Искрено се надевам дека ќе соберат храброст пратениците од опозицијата, дека ќе покажат волја да ги повлечат амандаманите. Тоа не се амандмани кои се конструктивни, тоа се амандмани кои се таму ставени само законот да не може да помине, потсетува министерот Филипче.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе