Филипче: Индискиот сој на вирусот потврден кај уште еден пациент

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека индискиот сој на COVID-19 е потврден кај уште еден пациент во државата. Пациентот се лекувал во приватна болница, а неговата состојба е под контрола.

-Станува збор за колега на првооткриениот случај со овој мутиран сој кај нас кој беше регистриран на 7 јуни. И двајцата биле на работа во Ирак. Со истиот лет се вратиле во земјава, но кај вториот пациент симптоми се појавиле подоцна. Состојбата е под контрола и овој пациент не е ризик, изјави денеска Филипче по посетата на Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека засега епидемиолошките анкети кои се правени покажале дека не постои ризик, а со тоа и некаква потреба од некакви дополнителни мерки.

Според министерот Филипче, сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или од смртен исход дури и од таква мутирана форма на вирусот.

-Стравување од индискиот сој или таква некоја евентуална нова форма на мутација која што може да биде позаразна од сегашните постои насекаде. Но, битно е дека сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или од смртен исход дури и од таква мутирана форма на вирусот. Кон крајот на месецов во Македонија ќе пристигнат поголеми количини на вакцини, рече Филипче.  

Како што информира, на 28 јуни се очекуваат 100.000  вакцини на Pfizer преку КОВАКС-механизмот, а на 27 и 30 јуни треба да пристигнат 500.000 вакцини на Sinovac.

-Останува само уште една недела до доаѓањето на значајно големи количини на вакцини. Секако нашите проценки беа дека во текот на летните месеци ќе заврши вакцинацијата на оној процент на граѓани којшто треба да се вакцинира за да се постигне колективен имунитет за да спремни ја дочекаме есента, додаде Филипче. 

Министерот ги повика граѓаните од повозрасна категорија кои се пријавени а уште не се вакцинирани, да аплицираат повторно преку матичните лекари во системот „Мој термин“ за да се коригираат овие пропусти.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе