Филипче: Нема препорака да се мешаат вакцините, двете дози треба да бидат од ист производител

„Нема препорака да се мешаат вакцините. Како за првата доза истиот производител треба да биде и за втората доза. И тоа се официјалните препораки на сите производители. Немаме официјална препорака дека може да биде вакцина од еден тип за прва доза и друг тип за втора доза“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека сè уште нема точни датуми за пристигнувањето на вакцините Sputnik и на Sinovac.

– Вчера разговарав со рускиот амбасадор и тој зеде обврска во текот на денот да контактира со Институтот во Москва и да даде повратни информации. Најавата за пристигнувањето на вакцини од Sinovac е за првите десет дена од месецов, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Светскиот ден на детето во дворот на Детската клиника.

Тој нагласи дека имунизацијата нема да запре, вчера пристигнаа вакцини од Pfizer  кои се дистрибуираат, а во текот на неделава очекуваат и други вакцини да стигнат од Бугарија и Грција.

– Сè уште има бројка на граѓани кои се над 60 години и не се вакцинирани. Има околу 42 проценти вакцинирани од вкупната популација над 65 години. Со кампањата очекуваме уште поголем број граѓани да се пријават за вакцинација. Не се се уште сите вакцинирани и тие вакцини нема да бидат неискористени. Не ги креираме препораките и ставовите кој со која вакцина треба да се вакцинира врз основа на тоа што е располжливо како тип на вакцина, туку врз основа на стручните препораки. Додека не сме сигурни дека е безбедна вакцина согласно сите случаи кои се пријавуваат за компликации за помлади од 60 години тоа ќе остане така, рече Филипче.

Тој посочи дека случаите со COVID-19 во последните денови не се во тешка состојба.

– Тешките случаи со COVID-19 се заостанати од претходно. Бројот на нови случаи се намалува. На Инфективната клиника 40-тина пациенти беа останати во одделите за интензивна нега, најтешките пациенти од другите болници се трансферирани во Скопје и тој број е во опаѓање што е индикатор кој укажува дека целата епидемија спласнува, додаде министерот Филипче. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе