Филипче: Во моментов нема потреба од дополнителни рестрикции, треба да се почитуваат мерките

Состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот. Сакам да се заблагодарам на сите здравствени работници, сите вклучени во овој процес, за натчовечките напори што ги даваат во моментот. Знам дека се преморени, но искрено верувам дека ќе одговориме и на овој огромен здравствен предизвик за да издржиме и се избориме со овој опасен бран, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека бараат поддршка од сите, од граѓаните, од медиумите, буквално од сите.

-Колку и да е ова досега кажано, ќе повторам дека клучот во битката и стабилизирањето на состојбата е доследното почитување и придржување до мерките. Вирусот е широко распространет и најмало невнимание или отстапка може да значи инфекција. Имаме одлично димензионирани мерки. На утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести заклучивме дека дополнителни рестрикции во овој момент не треба да се прават, рече Филипче.

Апелираше да се почитуваат сегашните рестриктивни мерки, да не се излегува од дома ако се нема потреба, освен ако се нема некоја голема потреба, во маркет, на работно место или во училиште.

-Само сите заедно, солидарни и одговорни можеме да се справиме со кризата, додаде Филипче

Посочи дека во овој момент целосно се исполнети капацитетите на Инфективната клиника, модуларната болница, а исто така сега е во функција ставена институцијата Центарот за белодробни болести каде се уште има капацитети и каде може да се сместат пациенти.

– Гледајќи го напливот и притисокот се активираше планот за Интерните клиники од приземните спратови каде се клиниките за дерматологија и неврологија, понатаму горните спратови каде што се клиниките за гастроетерохепатологија, ревматологија и нефрологија. Тука го имаме предвид и делот за дијализа, како и клиниките за оториноларингологија и очни болести, истакна Филипче.

Во овој момент и во следниот период кога ќе почне пополнувањето на овие кревети, потенцира, нема да се наруши нормалното фунционирање на сите овие клиники односно системот „МојТермин“ продолжува да функционира, како и сместувањето пациенти во другите делови на оваа зграда на Интерните клиники.

– Лекарите и медицинските сестри се подготвени. Дополнителниот број кревети кој може да биде на располагање и ќе биде од утре е околу 150 и дополнителни стотина на клиниките за оториноларингологија и очни болести, истакна Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека иако работат под голем притисок, иако има ситуација која никогаш не била предвидена претходно ниту за здравствените работници, ниту во однос на обезбедување на овие капацитети, сепак здравствените работници многуфронтно и одговорно одговорија и на овој предизвик.

– Како што кажав, дополнителни капацитети се веќе обезбедени. Во овој момент не планираме и нема потреба да се ангажираат капацитетите на приватните болници. Сите интерни клиники се сега спремни да сместат пациенти заедно со кадар кој е веќе искомунициран, има сосема доволна количина на лична заштитна опрема, така што во овој момент има сосема доволен капацитет. Искрено веруваме дека овие мерки ќе дадат резултат и во следните две до три недели ќе го видиме ефектот, нормално доколку се почитуваат мерките, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Во врска со исполнетоста на болничките капацитети во другите градови, тој посочи дека се соработува и пациентите се праќаат во соседни градови или во Скопје.

– Во Охрид има 100 нови кревети во кардиолошкото одделение, а има нови кревети и во новото крило во болницата во Струмица, во Кавадарци, Гостивар и во Тетово. Планот е да се заземаат и други одделенија каде има кадар. Не е точно дека нема места. Можеби е потребно препраќање на пациентот од еда во друга инстиитуција, така што секаде е направен план, додаде Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

реклама

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Read more

Дали кондомот влијае на времетраењето на односот?

Read more

Утврдена голема лага во истрагата за несреќата на Titan: Сè е измислено

Read more

Трик за лесно ослободување од досадните семки од пиперките

Read more

Македонија

Само условно осудени седумте лица кои упаднаа во М-НАВ

Read more

Цената на мазутот се зголемува, бензините и дизелот остануваат непроменети

Read more

Заев и Ципрас: Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија

Read more

ЈСП: Бесплатен превоз за средношколците и за време на летниот распуст

Read more
 

Вести

Само условно осудени седумте лица кои упаднаа во М-НАВ

Читај повеќе

Мајка на ученик претепа професорка по биологија во Белград

Читај повеќе

Во Германија запленет кокаин вреден една милијарда евра

Читај повеќе

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Читај повеќе
  • filter

Диво месо на Албанскиот театар, штипската Лекција и Натчовек на Драмски театар од Варна на претпоследниот ден на фестивалот

Читај повеќе

Изведба на танцовиот дует LOUNGE на Марга Алфејрау, Мириам Лукас и Мириана Бененге на Викендот на гордоста

Читај повеќе

Со прогласување на наградените и проекција на Златната треска на Чарли Чаплин се затвора 14. Филозофски филмски фестивал

Читај повеќе

Советот на ЕУ поддржа формирање база на таленти: Ќе се олесни вработувањето лица од трети земји

Читај повеќе

Цената на мазутот се зголемува, бензините и дизелот остануваат непроменети

Читај повеќе