Финска е сè поблиску до НАТО по рускиот напад врз Украина

Финска ќе ја ревидира својата безбедносна политика за да одлучи дали ќе се приклучи на НАТО, изјави денеска претседателот Саули Ниинисто.

Новиот извештај доаѓа само 18 месеци по последната проценка на владата, но поради руската инвазија на Украина, владата смета дека е неопходно да се преиспита нејзината безбедносна политика.

Традиционално, Финците се претпазливи кон Русија, земја со која делат 1.340 километри долга граница и со која водеа две војни во 1939 и 1944 година и изгубија значителен дел од својата територија.

НАТО не уживаше ни поддршка од населението, а Алијансата вообичаено ја поддржуваа само околу 20 проценти од Финците, но во изминатиот месец поддршката за Алијансата предводена од САД е зголемена.

„Откако ќе се анализираат ризиците и алтернативите, ќе дојде време за заклучоци“, рече Ниинисто, но не кажа кога може да се очекуваат владините заклучоци.

„Имаме сигурни решенија за нашата иднина. Треба да ги разгледаме темелно. Не со одлагање, туку внимателно“, рече претседателот.

Средба со Бајден и Путин

Ниинисто минатиот викенд се сретна со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон, а во петок треба да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин.

Финските власти денеска соопштија дека ги зголемиле резервите на гориво и примарни производи кои Финска ги чувала од последните војни.

Финската премиерка Сана Марин вчера изјави дека за влез во НАТО ќе се „дискутира во парламентот, со претседателот, во владата и меѓу партиите“.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе