Француски кардинал призна дека сексуално злоставувал малолетничка

Б.С.Б.
/ 08.11.2022 / 12:11

Во Франција 11 бискупи се обвинети за сексуално злоставување. Француската независна комисија минатата година процени дека во текот на 70 години 330.000 деца биле сексуално злоставувани.

Документот од 2.500 страници опишува дека во текот на 7 децении, околу 3.000 злоставувачи на деца, од кои две третини се свештеници, работеле во Католичката црква во Франција.

Францускиот кардинал Жан Пјер Рикард бил меѓу единаесетте поранешни или сегашни бискупи обвинети за сексуално злоставување, објави црковното тело.

Изјавата на кардиналот за признанијата е прочитана на конференција на француските бискупи во Лурд. Сите обвинети ќе се соочат со дисциплински мерки.

Рикард во изјавата рекол дека „пред 35 години, кога бил свештеник, се однесувал на непристоен начин кон 14-годишно девојче“.

„Без сомнежи моето однесување предизвика сериозни и долготрајни последици на таа личност“, изјавил кардиналот, додавајќи дека побарал прошка од девојчето.

Рикард бил бискуп во Бордо од 2001 година до 2019 година. Изјави дека ќе се повлече од сите функции и ќе им биде достапен на црковните и на правните власти. Сега е во пензија и има 78 години.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Свет

Трамп: Баш би сакал да бидам папа

Read more

Маск повеќе не доаѓа во Белата куќа

Read more

Полицијата од врата до врата го бара убиецот во Упсала

Read more

100 дена Трамп

Read more
 

Вести

Посебен режим на сообраќајот во Скопје поради првомајскиот протест

Читај повеќе

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Читај повеќе

Румена Бужаровска: „Тони“ за неколку месеци го доживува третото издание

Читај повеќе

50-годишник од Охрид повеќе пати силувал малолетничка

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп: Баш би сакал да бидам папа

Читај повеќе

„Клинци“ по седми пат вечерва во Europe House во Скопје

Читај повеќе

Маск повеќе не доаѓа во Белата куќа

Читај повеќе

Вучиќ: Ќе се сретнам со Трамп двапати во наредните денови

Читај повеќе

Полицијата од врата до врата го бара убиецот во Упсала

Читај повеќе