GDS: Лукаку го претпочита Интер на и вон теренот

На Ромелу Лукаку не само што му недостига играњето во Интер, туку му недостига и животот во Милано - комбинација клучна за неуспехот во Челси.

Најтиражниот италијански дневен весник La Gazzetta dello Sport пишува дека белгискиот голгетер има проблем и со животот во Лондон и тоа е дел од причината за неговата лоша форма.

Сезонава на 28 натпревари 28-годишниот Лукаку има постигнато само 10 гола, со што потфрли во обидот да ги оправда 113-те милиони евра кои Челси му ги исплати на Интер за неговите услуги.

Самиот Лукаку имаше желба да се врати во Челси каде што порано имаше неуспешна авантура. Сметаше дека одличната голгетерска форма од Интер ќе ја пренесе и таму и ќе покаже дека претходно „Сините“ неоправдано се откажале од неговите услуги. Но, очигледно тоа тешко дека ќе се оствари. Воедно, понудата за плата во Челси беше далеку над онаа која италијанскиот шампион можеше да му ја понуди.

Лукаку неодамна им се извини на навивачите на Интер за начинот на кој си замина и нагласи дека сака повторно да се врати во Милано. Тоа интервју потоа предизвика лавина негативни рекации на Островот, па Белгиецот беше и времено тргнат од составот.

Шпекулациите велат дека Лукаку уште летово би се вратил во Интер, но желбите се едно, а можностите друго. Интер финансиски не може да си дозволи таков трансфер, дури и Лукаку да се согласи на драстично намалување на платата.

La Gazzetta dello Sport пишува дека на Лукаку му недостасува и животот во Милано и затоа сѐ уште ги чува двата стана кои таму ги поседува.

„Лондон е многу поинаков. Таму никој не го застанува на улица за од срце да го поздрави. Во Милано таквото охрабрување беше секојдневие. Тој беше третиран како крал, што му даваше енергија на теренот“, пишува весникот со розеви страници.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе