Германците објавија листа на најквалитетни половни автомобили за 2024 година

Меѓународната организација TÜV, која се занимава со тестирање и проверка на различни технички системи во Германија и Австрија, врши повеќе од десет милиони технички прегледи секоја година, а сите собрани податоци ги презентира во својот извештај.

Ви го пренесуваме извештајот на TÜV за 2024 година.

Кај возилата стари до три и пет години, како и во целина, победник е VW Golf Sportsvan. Автомобилот што е произведен до крајот на 2020 година има најмал процент на дефекти. Моделите стари до пет години имаат 4,2 отсто дефекти и просечно поминати 49.000 километри.

Во категоријата возила стари до пет години следуваат VW T-Roc и T-Cross. Во категоријата до седум години доминира Mazda CX-3 (6,5 отсто дефекти и 68.000 просечни километри).

Сигурен користен семеен автомобил

Според статистичката проценка на сите главни прегледи помеѓу мај 2022 и јуни 2023 година, на секој на кој му треба евтин и сигурен семеен автомобил се препорачува да купи Mercedes B-Class. По девет години постигнува најдобар резултат (10,5 отсто), со просечни 90.000 километри.

Од малите автомобили се издвојува Honda Jazz, со само 8,4 отсто дефекти стари до седум години или 22,9 отсто до 13 години (во просек 117.000 километри). Од малите, понови автомобили, Opel Karl и Peugeot 208 заслужуваат посебна пофалба.

На дното, еден модел го престигна претпоследниот Dacia Logan, поточно Tesla Model 3, кој веќе има 14,7 отсто дефекти по три години работа.

Од постарите модели, не се покажаа ни BMW X5, Seat Alhambra, Dacia Dokker и Renault Twingo.

Подолу е листа на модели со најмалку и најмногу дефекти.

Возила со најмалку дефекти

До 3 години – модел/процент на дефекти

1. VW Golf Sportsvan 2.0%

2. Audi Q2 2,1 %

3. Audi TT 2,5 %

4. Mercedes B-Klasa 2,6 %

5. Mercedes GLC 2,6 %

6. VW e-Golf 2,6 %

7. VW T-Roc 2,6 %

8. Mitsubishi ASX 2,9 %

8. Toyota RAV4 2,9 %

10. Audi Q5 3.3%

10. Suzuki Vitara 3.3%

До 5 години – модел/процент на дефекти

1. VW Golf Sportsvan 4.2 %

2. VW T-Roc 4.2 %

3. VW T-Cross 4,6 %

4. Audi A6/A7 4,7 %

5. Audi Q2 4.9%

6. VW e-Golf 5,0 %

7. Mercedes B-Klasa 5,3 %

8. Škoda Karoq 5,3 %

9. VW Touareg 5,4 %

10. Audi A3 5,5 %

До 7 години – модел/процент на дефекти

1. Mazda CX-3 6.5%

2. Audi TT 7,2 %

3. VW Golf Sportsvan 7,3 %

4. Suzuki SX4 7,7 %

5. Mercedes B-Klasa 7.8%

6. Suzuki Vitara 8,0 %

7. Mazda 2 8,1 %

8. Audi Q2 8,3 %

9. Honda Jazz 8.4%

10. Mercedes A-Klasa 8,6 %

До 9 години – модел/процент на дефекти

1. Mercedes B-Class 10,5 %

2. Suzuki SX4 10,8 %

3. VW Golf Sportsvan 10,9 %

4. Mercedes A-Klasa 11.4%

5. Audi Q5 12,0 %

6. VW Touareg 12,4 %

7. Honda Jazz 12,7 %

8. Volvo XC60 12,7 %

9. Toyota RAV4 12,8 %

10. Audi A3 13,1 %

До 11 години – модел/процент на дефекти

1. Audi TT 12,3 %

2. Mercedes B-Klasa 14,6 %

3. VW Touareg 15.6 %

4. Honda Jazz 16.2%

5. Mercedes M/GLE 16.2%

6. Toyota RAV4 16,6 %

7. Audi Q5 16,8 %

8. VW Golf Plus 16,8 %

9. BMW X1 17.2%

10. Mini 17.5 %

До 13 години – модел/процент на дефекти

1. Audi TT 15,0 %

2. VW Golf Plus 20,7 %

3. Toyota RAV4 21,3 %

4. BMW X1 21.4%

5. Volvo XC60 22,5 %

6. Audi A3 22,8 %

7. Honda Jazz 22,9 %

8. Audi A6/A7 23,0 %

9. Mercedes E-Klasa Coupe 23,2 %

10. Mini 23,2 %

Возила со најмногу дефекти

До 3 години

Tesla Model 3 14.7%

Dacia Logan 11.4%

Seat Alhambra 10,3 %

Opel Crossland 10.2%

Dacia Dokker 10.2%

Škoda Skala 9,1 %

Ford Galaxy 9,1 %

Škoda Superb 9,0 %

VW Sharan 8.9%

Dacia Sandero 8,8 %

До 5 години

BMW X5/X6 17.9%

VW Sharan 17,7 %

BMW 2 Series Active Tourer 17.6 %

Seat Alhambra 17,3 %

Dacia Dokker 16,5 %

BMW X1 16.4%

Dacia Logan 16,0 %

BMW 5 Series/6 Series 15.1%

Mini 14.7%

Dacia Sandero 13,9 %

До 7 години

Dacia Dokker 25.9%

BMW 5 Series/6 Series 24.8%

Dacia Duster 24.6%

Dacia Logan 22.4%

Ford Ka 21,8 %

Dacia Sandero 21,0 %

BMW X5/X6 20,8 %

VW Sharan 19,8 %

BMW 2 Series Active Tourer 19,6 %

Seat Alhambra 19.4%

До 9 години

Dacia Dokker 32.2%

Fiat Punto 29,7 %

Dacia Logan 29,1 %

Dacia Duster 28,5 %

Renault Megane 27.4%

Dacia Sandero 26.5%

Ford Mondeo 26.1%

Hyundai i20 25,7 %

BMW 5 Series/6 Series 25,4 %

Hyundai i30 25,3 %

До 11 години

Renault Twingo 36,2 %

Dacia Logan 35,5 %

Renault Clio 34,6 %

Fiat Punto 34,2 %

Fiat Panda 34,2 %

Renault Mégane 33,9 %

Citroen C3 33,9 %

Dacia Duster 33.7 %

Dacia Sandero 33.7 %

Peugeot 207 32,7 %

До 13 години

Dacia Logan 40.9%

Renault Twingo 39.9%

Nissan Qashqai 38,8 %

Renault Clio 38,6 %

Dacia Sandero 38,5 %

Fiat Punto 37,7 %

Peugeot 207 37,6 %

Fiat Panda 37,3 %

Ford Galaxy 37.1%

Kia Picanto 37,0 %.

реклама

Русите нападнаа со тенкови стари 70 години, резултатот – катастрофа

Read more

Пронајдена најголемата змија во светот

Read more

Најбогатиот фудбалер во светот итно е хоспитализиран

Read more

Масивен сателит денеска неконтролирано паѓа на Земјата, ќе профучи близу Македонија

Read more

Авто новости

Инвентивен шофер на денот

Read more

Црна кутија и алкотест стануваат стандардна опрема во Dacia

Read more

Каде заврши најскапата регистарска табличка во светот?

Read more

Porsche претстави две нови e-hybrid варијанти на Panamera

Read more
 

Автомобили

Инвентивен шофер на денот

Читај повеќе

Црна кутија и алкотест стануваат стандардна опрема во Dacia

Читај повеќе
  • filter

Каде заврши најскапата регистарска табличка во светот?

Читај повеќе
  • filter

Porsche претстави две нови e-hybrid варијанти на Panamera

Читај повеќе

„Вселенски“ сопирачки: Полесни се и подобро се ладат

Читај повеќе

Mercedes пресече: Поевтините бензинци ни се поважни од автомобилите на струја

Читај повеќе
  • filter

Новиот 720S GT3 Evo на McLaren изгледа фантастично

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Познати деталите за електричниот СУВ на Nissan - вредеше да се чека

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто прозорците на возилата имаат црни точки?

Читај повеќе