Германците сакаат годините за пензионирање да ги одредат според очекуваниот животен век

Германската централна банка (Бундесбанк) денеска предложи старосната граница за пензионирање да се прилагоди на просечниот животен век во Германија.

„Поврзувањето на пензионирањето со просечниот животен век може да го стабилизира пензискиот систем на долг рок“, се вели во денешниот месечен извештај на Германската централна банка. Во него се наведува дека многу земји во Европската Унија, во меѓувреме, го приспособиле моделот на пензионирање на таков механизам.

„Поврзувањето на моментот на пензионирање со просечниот животен век значително го намалува притисокот и врз нивото на пензиското осигурување и врз државниот буџет“, вели во извештајот економистот на Централната банка.

Границата би требало да биде 67 години до 2031 година

Со тоа, се наведува понатаму, би се елиминирала вечната дебата за изнаоѓање на уште нови модели за одредување на старосната граница за пензионирање.

Возраста за пензионирање постепено се зголемува од 2012 година и треба да се помести на 67 години до 2031 година.

Партиите од актуелната владејачка Социјалдемократско-зелено-либерална коалиција се договорија да го замрзнат износот на пензијата на 48 отсто од последната плата. Коалицијата исклучува и зголемување на старосната граница за пензионирање.

Сегашниот просечен животен век за жените во Германија е 83,4, а за мажите 78,6 години.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе