Германија ја повика ЕУ да го забрза прегледот на руската вакцина

Германските регионални лидери ја повикаа ЕУ да го забрза прегледот на руската вакцина Спутник V и да гарантира дека, откако ќе биде одобрена, ќе може ефективно да се дистрибуира низ Унијата.

– Важно е да се забрзаат процедурите за одобрување, особено во случајот на Спутник, изјави премиерот на Баварија, Маркус Зедер, на прес-конференција, откако лидерите на 16-те покраини во Германија разговараа со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Тој истакна дека досегашните европски студии покажале дека руската вакцина е „исклучително безбедна“ и „во некои случаи е подобра од вакцините кои веќе се одобрени“.

– Треба да ја одобриме брзо и ефикасно и да не паѓаме во класични бирократски детали, рече Зедер.

Според него, одобрувањето сега е „само прашање на време“ и „поважно е ЕУ да склучи договори за да обезбеди производство и снабдување“.

– Европа треба брзо да преговара и да не чека одобрување. Ова е итен апел да не се пропушти уште една шанса, рече тој.

Градоначалникот на Берлин, Михаел Милер, исто така, истакна дека „ни треба секоја вакцина што можеме да ја добиеме“.

Европската агенција за лекови (ЕМА) започна тековен преглед на Спутник V на почетокот на овој месец, иако неколку земји на ЕУ веќе започнаа со дистрибуција.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе