Германија повторно во застој: Стотици летови откажани поради снежното невреме, има и жртви

Макфакс
/ 17.01.2024 / 16:27

Стотици летови во Германија се откажани поради екстремните временски услови, кои ја придружуваат снежната бура Гертруда, а на патниците им се препорачува да го проверат статусот на летот пред да се упатат кон аеродромот.

Аеродромот во Франкфурт беше најтешко погоден, каде што беа откажани 570 од 1.047 лета.

„Поради најавените временски услови, на 17 јануари ќе има откажување летови на аеродромот во Франкфурт, што се очекува и на 18 јануари“, се вели во соопштението на портпаролот на аеродромот во Франкфурт. Погоден е и аеродромот во Минхен, каде што се откажани 254 летови.

На западот на Германија беше затворен аеродромот „Забрикен“, а доцнења и откажувања летови се забележани и на аеродромите во Диселдорф и Келн. Откажувањата се очекува најмногу да ја погодат Lufthansa, која има свои бази на аеродромите во Франкфурт и Минхен.

Поради екстремните временски услови, во прекин беше и железничкиот сообраќај во Германија, а државниот оператор Deutsche Bahn предупреди на доцнење и откажување. Компанијата откажа неколку меѓуградски линии и објави дека максималната брзина на возовите е ограничена на 200 километри на час.

Локалните власти претходно соопштија дека невремето однело и жртва кога 86-годишен маж загинал кога бил удрен од автомобил додека го чистел снегот од тротоарот, а една жена, која возела, добила полесни повреди.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Свет

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more
 

Вести

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе