Германската Влада ќе им плати отштета на семејствата на жртвите од масакрот во Минхен 1972

Германската Влада денеска соопшти дека ќе плати дополнителна отштета на семејствата на 11 израелски спортисти кои беа убиени од палестинската терористичка група Црн септември за време на Летните олимписки игри во Минхен во 1972 година.

Семејствата на убиените спортисти долго време го критикуваат начинот на кој германските власти го третирале нападот, а германското МВР соопшти дека преговара со семејствата и оти би требало повторно да се изврши проценка на последиците од овој масакр за „преживеаните кои биле издржувани од жртвите“ во нематеријална и материјална смисла.

Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи за Süddeutsche Zeitung изјави дека Министерството, заедно со сојузната покраина Баварија и градот Минхен, планираат да платат отштета за да ги „артикулираат сериозните последици за преживеаните“, додава Politico.

Не е позната висината на отштетата што Германија планира да ја плати, а Süddeutsche Zeitung, повикувајќи се на информации од Израел, пишува дека се работи за 10 милиони евра, што, како што се наведува, не е доволно за семејствата.

Најавата за исплата на отштета доаѓа во пресрет на одбележувањето на 50-годишнината од масакрот во Минхен.

На 5 септември 1972 година, палестински терористи од организацијата Црн септември упаднаа во олимпиското село и земаа израелски спортисти како заложници, со цел да обезбедат ослободување на затворениците во Израел и двајца левичарски екстремисти во тогашната Западна Германија.

За време на нападот и спасувачката операција загинаа 11 Израелци и еден полицаец од Западна Германија.

Веднаш по нападот, Западна Германија на семејствата на жртвите им исплатила сума од околу 2 милиона евра, покажуваат податоците на германското МВР.

Членовите на семејството добиле уште 3 милиони евра во 2002 година, пренесува DPA.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе