Глечерот Судниот ден се држи на „нокти“ - демне светска катастрофа

Глечерот Судниот ден на Антарктикот се топи со многу побрзо темпо од очекуваното, а тоа би можело да предизвика зголемување на нивото на морето и до два метра.

Глечерот на Антарктикот наречен Судниот ден може да се стопи многу побрзо отколку што се мислеше, бидејќи „на нокти“ се држи за многу подебела плоча, покажа ново научно истражување.

Топењето на глечерот со големина на Флорида може да го подигне нивото на морето и до два метра. Токму тоа, како и фактот што делува како тампон помеѓу морињата кои се затоплуваат и многу поголемата ледена покривка на Западен Антарктик, му го дава застрашувачкиот прекар.

Меѓутоа, едно ново истражување, кое го водеше од Универзитетот во Јужна Флорида (УСФ), покажа дека глечерот Твејтс (вистинското име на Судниот ден) се топел многу побрзо во изминатите векови отколку што беше забележано во последните години, што значи дека слично брзо темпо на повлекување може да се активира во иднина.

Истражувачите го научиле ова со користење на подводни дронови за да за прв пат го мапираат морското дно под глечерот. Гребените што ги мапирале се „како отпечаток“ што покажува каде се наоѓала основата на глечерот, се вели во соопштението за медиумите. Ова покажува дека во одреден момент во последните 200 години Твејтс се намалил двојно побрзо отколку што беше забележано во последните години, се вели во соопштението.

„Твејтс навистина денес се држи на 'нокти' и треба да очекуваме да видиме големи промени во кратки временски рамки во иднина, дури и од година во година, кога глечерот ќе се повлече зад плиткиот гребен во своето корито“, рече д-р Роберт Лартер, морски геофизичар од Британското антарктичко истражување, кој е автор на студијата.

Аластер Грем, морски геофизичар на УСФ кој го водеше истражувањето, рече: „Само мал удар од Твејтс може да доведе до голем одговор“.

Стапката на топење на Твејтс беше претходно мапирана со помош на сателитски снимки. Истражувањето на тие слики во 2020 година откри дека Твејтс и неговиот сосед, глечерот Пајн, се распаѓаат побрзо отколку што се веруваше.

Твејтс е делумно заштитен со ледена покривка која научниците виделе како брзо исчезнува. Во декември минатата година, научниците предвидоа дека глечерот е на пат да се стопи во рок од пет години.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе