Гледачите избраа: Најдобрите филмови и серии на Netflix базирани на вистински приказни

Ако не знаете што да гледате претстојниот викенд, не барајте понатаму. Корисниците на Netflix составија листа од 11 филмови и серии базирани на вистински приказни кои секој треба да ги гледа.

Листата е составена врз основа на препораките на гледачите собрани во Facebook групата Netflix Bangers. Еве ги избраните наслови.

The Trapped 13: How We Survived The Thai Cave

Овој документарец ја раскажува приказната за 13 тајландски млади фудбалери кои беа заробени во пештерата Там Луанг во 2018 година. За чудо, по неколкудневни обиди за спасување, тимот беше спасен од нуркачи кои со сите сили се бореа да ги доведат на безбедно.

Remote video URL
American Murder: The Family Next Door

Документарецот, објавен во септември 2020 година, се фокусира на убиството на Шенан Вотс, која била бремена во 15-та недела во моментот на нејзината смрт. Шенан и нејзините две ќерки, четиригодишната Бела и тригодишната Селест, необјасниво исчезнаа во 2018 година во државата Колорадо. Заплетот го следи овој случај откако нејзиниот сопруг Крис Ват првично негираше каква било вмешаност во исчезнувањето на Шенан.

Remote video URL
When They See Us

Минисеријата When They See Us е заснована на приказната за група тинејџери кои беа погрешно обвинети за напад и силување жена во Њујорк во 1989 година. Антрон Мекреј, Кевин Ричардсон, Јусеф Салам, Рејмонд Сантана и Кореј Вајс, сите на возраст од 14 и 16 години, служеа затворска казна за инцидентот до 2002 година, кога ДНК доказите не го потврдија серискиот силувач Матиас Рејес за сторител на делото.

Remote video URL
Mindhunter

Следна на листата е Mindhunter, серија која се заснова на вистинска криминална книга за елитната единица за сериски злосторства на ФБИ која осмислува психолошко профилирање за да помогне во фаќањето сериски убијци. Режисери на серијата се Џон Е. Даглас и Марк Олшејкер, а главните улоги ги толкуваат Џонатан Гроф, Холт Мекалани и Ана Торв.

Remote video URL
The Spy

Серијата The Spy е за израелскиот шпион Илај Коен кој се инфилтрирал во сириската влада во 60-тите. Саша Барон Коен го игра Илај, чија работа го обликувала Блискиот Исток каков што го знаеме денес.

Remote video URL
Inventing Anna

Inventing Anna е минисерија од девет епизоди која истражува како измамничката Ана Делви успеа да ја измами елитата на Њујорк. Серијата со Џулија Гарнер во главната улога, е приказната заснована на написот на Џесика Преслер од 2018 година во списанието New York.

Remote video URL
Unbelievable

Серијата Unbelievable е инспирирана од вистинските настани на една млада жена обвинета дека лажела за силување. Се заснова на написот An Unbelievable Story Of Rape, добитник на Пулицерова награда.

Remote video URL
Alias Grace

Минисеријалот од 2017 година е заснован на наградуваниот роман на Маргарет Атвуд. Приказната е сместена во 1843 година и ја раскажува приказната за Грејс Маркс, ирска имигрантка и слугинка која живее во Канада и е обвинета и осудена за убиство на нејзиниот работодавец и куќна помошничка.

Remote video URL
Narcos

Оваа серија за колумбискиот нарко картел има три сезони, од кои првата го документира животот на Пабло Ескобар од моментот кога почнал да произведува кокаин, па сè до раните 90-ти. По успехот на Narcos, излезе серијата Nrrcos: Mexico, која го следи подемот на картелот Гвадалахара.

Remote video URL
The Serpent

Џена Колман и Ели Бамбер глумат во серијата базирана на вистинската приказна за злогласниот Бикини убиец, Чарлс Собхраџ. Тој е поврзан со повеќе од 20 убиства во Југоисточна Азија помеѓу 1972 и 1982 година.

Remote video URL
Monster: The Jeffrey Dahmer Story

Monster: The Jeffrey Dahmer Story ја раскажува приказната за еден од најсуровите сериски убијци во Америка, Џефри Дамер, кој уби 17 мажи и момчиња помеѓу 1978 и 1991 година. Злогласниот сериски убиец и сексуален предатор ги убивал своите жртви во период од 15 години во текот на 70-тите, 80-тите и 90-тите години. На крајот беше осуден за 16 убиства.

Remote video URL
Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе