Ѓоковиќ: Нема да откријам дали сум вакциниран или не

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, зборуваше за плановите за крајот на сезоната, но и на теми поврзани со вакцинацијата.

„Засега планирам да играм во Париз, завршниот Мастерс во Торино и Дејвис купот. Тоа е мојот распоред до крајот на сезоната. Треба да бидам во Белград до крајот на неделата, а потоа една недела пред натпреварот во Берси ќе ја напуштам Србија за да се посветам на тренинзите и подготовките. Засега, дефинитивно ќе бидам во Белград до крајот на неделата бидејќи децата овде одат на училиште и роденденот на Стефан е за неколку дена, па затоа ќе го прославиме овде со семејство“, рече Ѓоковиќ во интервју за Blic.

Ситуацијата во врска со Австралија Опен е сѐ уште најјасна, а доаѓаат информации дека сите учесници би требало да исполнат одредени услови.

„Ја следам ситуацијата околу Австралија и колку што разбрав конечната одлука на австралиската влада и Тенис Австралија ќе биде за две недели, така што е првата или втората недела од ноември. Не верувам дека условите ќе се променат многу во споредба со она што веќе го знаеме. Ќе има многу ограничувања. Она што го слушнав од мојот менаџер кој е во директен контакт со луѓе од Федерацијата на Австралија е дека се обидуваат да ги подобрат условите за сите. И оние кои се вакцинирани и оние кои не се“.

Новак вели дека искуството од оваа година не е најдобро, а изрази и жалење бидејќи тенисерите ги прифаќаат сите услови што им се поставени.

Исто така, тој не може со сигурност да каже дали ќе оди во Австралија или не.

„Јас го заземам ставот што го заземам и отсекогаш исто сум размислувал. Не сакам да го откријам мојот статус дали се вакцинирав или не. Тоа е приватна работа и според нашиот закон, кој и да ве праша, можете да го гоните бидејќи ве прашал. Тоа е неумерено прашање. Премногу луѓе денес си дозволуваат таква слобода да прашуваат работи и да осудуваат. Што и да одговорите: ‘Да, не, мжеби, не знам, размислувам’, ќе го злоупотребат тоа“, рече Ноле, меѓу другото.

Конечно, тој зборуваше за следната сезона.

„Реков и пред оваа година дека мојата главна цел е да го постигнам тој историски број еден, што и сум, и дека мојот главен фокус е да ја продолжам кариерата за да играм што е можно подобро на Грен слем турнирите и да играм за националниот тим. Тоа ми се главните мотивации. Сите останати турнири во овој дел од кариерата ми се помалку важни и се само подготовка или за репрезентативен тенис или за Грен слем“, заклучи Ѓоковиќ.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе