Ѓоковиќ: За жал, повеќето судии ги разбираат пцовките

Во интервју за Eurosport Новак Ѓоковиќ откри дека сега, во доцната фаза од кариерата, му требаат повеќе начини да се мотивира.

Ѓоковиќ има 37 години, а оваа сезона освои три Грен слем титули.

„И јас сум човек со маани. Ми треба повеќе мотивација сега, подоцна во кариерата, отколку пред пет или десет години. Работите се различни. Мојот живот еволуираше“, вели Новак и објаснува:

„Срцето ми се кине секогаш кога ќе го напуштам семејството. Така, кога патувам, кога одам некаде, навистина сакам да победам. Сакам патувањето да вреди“.

Тема беше и тренерот на Новак, Горан Иванишевиќ, а Зец го поттикна Новак да се пошегува.

„Горан и остатокот од тимот се обидуваат да најдат нови начини да ме мотивираат. Досега не успеале многу“, низ смеа изјави Новак, додавајќи дека како дете му бил пример, жив доказ дека неговите соништа се возможни.

„Многу се забавуваме, одлични пријатели сме. Имаме професионален однос. Проблемот што го имаме, поради успесите на хрватските и српските играчи во последните 30 години... За жал, имаме ситуација кога повеќето судии ги разбираат пцовките. Затоа, мора да се поиграме малку, мораме да користиме сленг, да создаваме нови зборови, но кога ќе откачиш, не размислуваш за тоа да бидеш имагинативен со зборовите“.

Ѓоковиќ би сакал неговиот главен спонзор Lacoste да му сошие јакна „25“ за следната титула, доколку ја освои.

„Среќен сум со 24, но луѓето во мојата земја велат ‘зошто да не одам на 25, 30’. Велам - да беше толку лесно, ќе беше супер. Не знам како тоа ви изгледа вам, но знам какво е чувството. Навистина треба да го заработите. Понекогаш се чувствувам како мачка со девет животи. Секогаш кога играм Грен слем губам по еден живот“, заклучува Новак.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе