Голем протест: На пладне штрајк на судската администрација

Вработените во судовите и јавната администрација од цела Македонија, членови на Синдикатот на работници во управата и правосудните органи, на пладне ќе го почнат големиот протест низ скопските улици.

Протестот го поддржаа и ќе им се приклучат и потписниците на „Повелбата за солидарност“, самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Конфедерацијата на синдикални организации КСОМ, мултиетничкиот синдикат на образование МЕСО, Синдикатот на културата на Македонија, левичарското движење „Солидарност“ и движењето за социјална правда „ЛЕНКА“.

Планирано е протестот да почне пред зградата на Сојузот на синдикати, а потоа толпата ќе продолжи кон Собранието, министерствата за правда и информатичко општество. А, според најавите, протестот би требало да заврши пред Владата.

Штрајкот се организира  затоа што Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација, ги прогласија за неуспешни преговорите со Министерството за правда околу измените на Законот за судска служба.

Кон протестот нема да се приклучат вработените во Основен суд Скопје 1 затоа што тие се дел од друг синдикат.

Судската администрација во среда го почна штрајкот незадоволни од условите за работа, а се судеа само итните, притворските случаи.

Синдикатот на УПОЗ и ЗСА бара измена на законот за судска служба,  бараат и зголемување на платите на вработените во судската администрација, исплаќање на зголемувањето од 5 отсто на јавната администрација и враќање на работното време од 7.30 до 15.30 часот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе