„Голферот“ Гарет Бејл преговара со второлигаш

Капитенот на фудбалската репрезентација на Велс, Гарет Бејл, е во преговори со Кардиф Сити, екипа која се натпреварува во англискиот шампионат, пишува британски BBC.

Бејл ќе пристигне во Кардиф, доколку се договори, како слободен агент, бидејќи му истекува договорот со Реал Мадрид.

Претставниците на Бејл потврдија дека Велшанецот бил во Кардиф и преговарал со лидерот на клубот Мехмет Далман. Сепак, Бејл е во преговори со уште неколку клубови. Тој се поврзува со преселба во МЛС, а не е невозможно ниту неговото враќање во Тотенхем.

„Колку и да звучи чудно дека поранешен играч на Реал Мадрид може да заврши во втората англиска лига, Кардиф е реална опција за Бејл“, пишува BBC.

Бескорисен во Реал

Бејл во последните неколку сезони имаше скромен, речиси занемарлив настап во Реал, а навивачите го мразат поради изјавите дека нема да има проблем да игра голф додека не му истече договорот во Мадрид.

„Велс. Голф. Мадрид. По тој редослед“, е слоганот со кој Гарет Бејл ги навреди челниците и навивачите на Реал во 2019 година.

Тој беше критикуван и од шпанските медиуми кои го нарекоа паразит бидејќи земал огромна плата во Реал без да придонесе за успехот на тимот. Често можеше да се види како не слави победи со соиграчите.

Клучен за репрезентацијата

Сосема поинаква е ситуацијата во репрезентацијата на Велс. Бејл игра одлично за својата земја, тој е капитен и редовно најдобар играч на теренот. Велс се пласираше на Светското првенство, а најголема заслуга за тој подвиг има Бејл. Тој е роден во Кардиф, каде што живее неговото семејство, а факт е дека репрезентацијата на Велс се собира и се подготвува во Кардиф.

Според BBC, моменталната примарна цел на Бејл е да успее на Мундијалот со Велс, за кој има идеални услови во не толку тешкото првенство. Кардиф нема да може да му понуди голема плата. Во Реал заработува колку целиот тим на Кардиф во моментов, но се чини дека парите не се пресуден фактор за овој трансфер.

Тагови
реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе