Голот на Роналдо против Џеноа со брзина од 105 километри на час
Фудбалерите на Јувентус синоќа ја совладаа Џеноа со резултат 3 : 1, а најубавиот момент од мечот беше виден во 56-тата минута од средбата, кога Миралем Пјаниќ му ја подаде топката на Кристијано Роналдо.
Без да биде спречен Португалецот дојде на 25 метри од голот на домашната екипа и постигна гол. Голманот Матија Перин немаше апсолутно никакви шанси, топката леташе со брзина од 105 километри на час, според пресметката на статистичарите.