УЕФА ЕУРО 2020

Голот од пола терен на Шик избран за најдобар на ЕУРО 2020

Сензационалниот гол од огромна далечина на Чехот против Шкотска уште на почетокот од првенството ја доби наградата за најдобар гол на 16-тото Европско првенство.

Откако извиси во изборот за најдобар стрелец иако имаше исто голови, 5, колку и Кристијано Роналдо, а потоа не го ставија ниту во најдобрите единаесетмина, Патрик Шик сепак од ЕУРО 2020 заминува со награда.

Откако стручното жири на УЕФА издвои 10 голови и ги стави на јавно гласање, за 24 часа пристигнаа околу 800 илјади гласови од кои најголемиот дел заминаат кај Чехот.

Голот на Шик падна на 14 јуни во 1. коло од групата Д на натпреварот помеѓу неговата Чешка и кодомаќинот Шкотска кој се одигра на „Хампден Парк“ во Глазгов.

Во 52. минута Шкотите ја загубија топката во чешката половина, Чесите веднаш поитаа во контра додавајќи до истурениот Шик кој од пола терен примети дека голманот Дејвид Маршал е излезен и го матираше со силен и прецизен удар.

Во конкуренција за најдобар гол беа и головите на Пол Погба (Франција - Швајцарија 3:3), Лука Модриќ (Хрватска - Шкотска 3:1), Лоренцо Инсиње (Белгија - Италија 1:2), Кевин Де Брујне (Данска - Белгија 1:2), Кристијано Роналдо (Унгарија - Португалија 0:3), Алваро Мората (Италија - Шпанија 1:1), Микел Дамсгард (Англија - Данска 2:1), Андриј Јармоленко (Холандија - Украина 3:2) и Федерико Кјеза (Италија - Шпанија).

Стручното жири на УЕФА кое ги бираше головите е истото кое ги одбра и најдобрите 11, односно Патрик Бонер, Естебан Камбиасо, Фабио Капело, Космин Контра, Корин Диакр, Жан-Франсоа Домерк, Душан Фитцел, Штефен Фројнд, Франс Хук, Аитор Каранка, Роби Кин, Хинес Мелендес, Дејвид Мојс, Мика Паателаинен, Петер Рудбек и Вили Рутенштајнер.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе