Господинот трипл-дабл, Расел Вестбрук
Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Расел Вестбрук, одигра уште еден неверојатен натпревар, на кој испиша нови страници во историјата на НБА лигата. Рас синоќа оствари трипл-дабл со најмногу постигнати поени во историјата на лигата.
Оклахома предводена од Вестбрук, во голем стил го мина гостувањето во Орландо, откако негативата од 21 поен ја претвори во победа 114:106, победа со која тимот го обезбеди своето место во плејофот.
Вестбрук блескаше со 57 поени (15/25 за два, 6/15 за три), 13 скокови, 11 асистенции и три украдени топки.
Плејмејкерот на Тандер го забележа 38. трипл-дабл во сезоната и на девет натпревари до крајот на регуларниот дел од првенството него му се потребни уште три трипл-дабл остварувања за да го израмни рекордот на легендарниот Оскар Робертсон од сезоната 1961/1962 и да стане првиот по Робертсон кој сезоната ја заврши со просечен трипл-дабл учинок.