Градежна офанзива и сообраќаен метеж во центарот на Скопје

Истовремена реконструкција на неколку главни сообраќајници во Скопје, возење по една или две ленти и нервозни возачи е секојдневие во главниот град особено во утринските и попладневните часови. Од Град Скопје велат дека реконструкциите се на барање на граѓаните и се прават поради дотраеност на улиците.

Улицата „Теодосиј Гологанов“ кај Клубот на пратеници и булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај Народна банка се дел од улиците на кои во моментот се вршат градежни активности. Градските власти очекуваат овие две фреквентни сообраќајници да бидат завршени по Нова година.

МИА побара одговор од Град Скопје зошто истовремено се вршат реконструкции на фреквентни сообраќајници низ градот. Оттаму посочија дека реконструкциите се прават поради дотраеноста и оштетеноста на сообраќајниците што претставува ризик по безбедноста во сообраќајот. Крајниот рок за изведба на двата проекта, како што најавуваат, е на почетокот на следната година.

– На барање на граѓаните, Град Скопје инвестира во подобрување на инфраструктурата на сообраќајниците со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот. Во рамки на овие активности во моментов се извршуваат реконструкции на улици и булевари на повеќе локации во Скопје. Реконструкцијата на двете посочени сообраќајници се реализира поради нивната дотраеност и оштетеност, предизвикување ризик по безбедноста во сообраќајот, а истите се реализираат на повеќегодишно барање на жителите на Скопје. Крајниот рок на изведба на двата проекта кои се штотуку започнати, е на почетокот од следната година, стои во одговорот од Град Скопје.

Реконструкцијата на улицата „Теодосиј Гологанов“ опфаќа градежни активности на коловозот од 5.350 квадратни метри, велосипедската патека и тротоарите од 4.500 квадратни метри, нови рабници, нова фекална канализација, изведба на нова водоводна мрежа и ново улично осветлување со лед светилки. Реконструкцијата чини 43 милиони денари, а градежните работи ги изведува фирмата Бауер.

Неодамна почна и реконструкцијата на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај Народна банка. На овој булевар неколкупати во минатото се правеше реконструкција, но асфалтот остана оштетен. До моментот на објавување на веста, од Град Скопје не стигна одговор за деталите поврзани со реконструкцијата на оваа улица.

Фото: Фросина Насковиќ (МИА)

Тагови
реклама

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе