Грција од 1 мај го укинува сертификатот во внатрешноста на земјата

 

Атина, 13 април 2022 (МИА) – Сертификатот за вакцинација или прележан COVID-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од 1 мај до 31 август се укинуваат, а за правилата за патување во земјата, дополнително ќе се донесе одлука, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, претпладнево ги соопшти одлуките на Владата за олабавување на мерките, меѓу кои, освен укинувањето на сертификатот, се укинува и задолжителната маска на затворено од 1 јуни, како и задолжителниот селф тест за учениците.

-Од 1 мај до 31 август се укинува сертификатот за вакцинација и прележана болест за влез во сите простори, затворени и отворени. Тоа значи дека и онаму каде што беше задолжително тестирање, нема да биде потребно да се спроведува. Мерката, одново ќе се разгледа на 1 септември. Паралелно, во следниот период ќе се разгледа и укинувањето задолжителното покажување на европскиот сертификат за влез во земјава, па така ќе постои ново соопштение, рече Плеврис.

Исто така од 1 мај нема да биде потребно учениците да се тестираат со селф тестови, невакцинираните вработени ќе прават само еден рапид тест седмично, а сите простори ќе работат со 100 отсто од капацитетот и се укинуваат секакви ограничувања.

До крајот на следниот месец останува задолжителна маската за внатрешните простори, нешто што ќе се укине од 1 јуни.

-Сите мерки одново ќе се разгледаат на 1 септември, согласно ситуацијата со пандемијата, истакна Плеврис.

Во пракса, како што анализира МИА, новите одлуки значат дека во отворените и затворените објекти во Грција, каде досега се бараше валиден сертификат за вакцинација со непоминати, првично седум, а сега девет месеци од втората доза или потврда за прележан Ковид-19 што важеше 90, а сега 180 дена или тест за невакцинираните, од 1 мај нема да биде потребен никаков документ и пристапот ќе биде слободен за сите, и за вакцинирани и за невакцинирани.

Меѓутоа, за патување и влез во Грција, сè додека не постои конкретна одлука, остануваат во сила актуелните правила и и понатаму ќе биде задолжителен документ за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, валиден девет месеци по втората доза и без ограничувања за примeна бустер вакцина, потврда за прележан COVID-19 до 180 дена по првиот позитивен тест или негативен резултат од ПЦР/рапид тест.

За време на Велигденските празници, нема никакви промени на мерките што важат сега, а според Плеврис, по две години пауза сите религиозни настани ќе се одржат регуларно, со почитување на здравствените протоколи.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Регион

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Read more

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе