Greenvaluation: Софтвер што ги пресметува придобивките од зазеленувањето

Во Виена се користи најновиот софтвер Greenvaluation, кој ги анализира податоците за зелените проекти и нивниот ефект врз микроклимата во одредена област. Исто така, идентификува специфични заштеди на трошоци.

Зеленилото стана незаменлив дел од градовите со висок квалитет на живот, а со себе носи и бројни предности од кои луѓето секојдневно имаат придобивки. Освен што го разубавува изгледот на градот, ја намалува прашината и загадувањето и произведува кислород. Исто така, ја намалува температурата и дава сенка во лето, а за време на дождливите периоди ја задржува водата и ја ослободува градската канализација. Зеленилото го подобрува и квалитетот на воздухот, а со тоа и квалитетот на животот на граѓаните.

Но, проектите за зазеленување носат и заштеда на трошоците. Благодарение на новиот софтвер Greenvaluation во главниот град на Австрија, можно е да се пресмета колкави придобивки носат одредени мерки за зазеленување и колку пари се заштедени, а може да помогне и во планирањето на идните зелени проекти.

Софтверот се базира на технологија која ги анализира податоците за зелените проекти како зелени фасади и покриви, дрвја, паркови и слично како и нивниот ефект врз микроклимата во одредена област. Во иновативниот систем, метеоролошките податоци во реално време континуирано се вклучени во анализата, така што конкретните заштеди на трошоци може прецизно да се одредат и да се прикажат во одреден временски период.

Какви податоци обезбедува софтверот?

Корисниците на алатката, на пример, имаат увид во разликите помеѓу дождливите месеци и топлите периоди. Софтверот ги зема предвид индикаторите како што се производство на кислород, апсорпција на јаглерод диоксид и радијација, задржување на вода, капацитет за ладење и пропорција на зелени површини.

Овој метод е развиен врз основа на реални студии на случај и постојано се тестира. Така, на пример, алатката пресмета дека одржливиот и зелен хотел „Stadthalle“ во 15-та област во Виена заштедил 2.000 евра во трошоците за ладење на зградите за една година, а во исто време задржал 488.500 литри дождовница.

Greenvaluation произлезе од истражувачки проект спроведен како дел од програмата City of Tomorrow (Град на иднината) на Австриската агенција за промоција на истражувањето (FFG). По успешното завршување на проектот, оваа иновативна технологија ќе може да ја користат градските администрации и сопствениците на згради.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе