Гробница со BMW автомобили: 150 милиони долари скапуваат на паркинг

Американскиот портал Jalopnik откри гробница со речиси 3.000 нови BMW возила кои од 2015 година се распаѓаат, оставени на отворен паркинг во Канада.

По приказната за 9.000 нови Mercedes возила паркирани на пистата на воен аеродром во Германија, доаѓа уште една слична, но со автомобили на еден друг германски автомобилски гигант.

Оваа „гробница“ се наоѓа во Канада и постои веќе неколку години.

Во 2015 година, канадското пристаниште Халифакс го погоди силно невреме, токму во моментот кога се растоварала пратка нови автомобили BMW и Mini од брод во камиони.

Точно 2.966 нови автомобили вредни околу 150 милиони долари требало да се упатат кон салоните и крајните купувачи, но невремето било толку силно, што морските бранови ги зафатиле паркираните автомобили и ги „засолиле“.

Тоа било доволно за да реагира владината агенција Транспорт Канада и да му наложи на BMW дека поради големата изложеност на морската сол, сите автомобили мора да се вратат во фабриката и да се заменат или поправат сите засегнати делови.

Во BMW оцениле дека тоа ќе биде прескап зафат, па едноставно ги повлекле овие и на купувачите им испорачале потполно нови возила.

Повлечените автомобили влегоа во заборав, сѐ додека случаен минувач не ги фотографирал како скапуваат во Ванкувер и ги испратил фотките на редакцијата на Jalopnik.

Меѓу трите илјади луксузни автомобили има „бисери“ како BMW M4 и M6, како и електричните/хибридни i3 и i8.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Авто новости

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе