Гвардиола криптичен: Ги предупреди навивачите и најави лоши времиња

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, испрати предупредување и молба до навивачите на неговиот клуб бидејќи најавува лоши времиња на „Етихад“.

Гвардиола успеа да испише историја со Манчестер Сити со освојувањето на тројната круна минатата сезона, трите најголеми натпреварувања во кои клубот играл (Лига на шампиони, Премиер лига и ФА Куп). Тоа во историјата успеа да го направи само нивниот ривал Манчестер Јунајтед.

Сега шпанскиот стручњак најавува доаѓање на потешки времиња. Тој рече дека „не е нормално да се освојуваат толку трофеи“, а упати предупредување до навивачите.

URL

„Освоивме многу, а во иднина треба да разберете дека тоа беше исклучок. Не е нормално да се освојуваат тројни круни, пет титули во Премиерлигата за шест години... Продолжете да уживате, но кога се лоши времиња дојдете оваа или следната сезона, мора да бидете со нас“, им порача искрениот Гвардиола на своите фанови.

Оваа вест доаѓа неколку дена откако беше закажано „судењето на векот“ во светот на фудбалот, како што го опишаа англиските медиуми. Манчестер Сити ќе оди на суд по 115 точки од обвинението за кршење на финансискиот фер-плеј (ФФП).

Двете страни се договорија за датум за појавување на Сити на суд, што ќе се случи есента 2024 година. Дали ова се лошите времиња кои ги споменува Гвардиола, останува да видиме.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе