Hats and the City – нов едиторијал на шапки од Мирјана Јосифоска

Hats and the City е новиот едиторијал на модната линија шапки од дизајнерскиот бренд Мирјана Јосифоска.

Автентичноста на четирите дами во Њујорк од доцните деведесетти е вткаена во новиот едиторијал на колекцијата шапки од Мирјана Јосифоска – првиот македонски дизајнерски бренд за шапки. Во месецот на жената, женскоста ја воздигнуваме на урбано ниво, инспирирано од жените кои постојано се во чекор со нови предизвици и кои притоа успеваат да зрачат со елеганција и сигурност.

Протагонистките од серијалот Sex and the City чии модни комбинации остануваат засекогаш врежани во историјата на модата, овој пат се инспирација за Hats and the City – едиторијал снимен низ улиците на Скопје.

Sophia in Black за вечерно излегување, Monica in Classic Red за важниот денски состанок или Linda in Royal Blue за вино со пријателките – секоја од нив зазема свој став, а вие оставате впечаток со вашата нова комбинација за отворање на пролетната сезона.

Направени од 100% рециклирана сертифицирана волна, со отстранлива тул мрежа или врвки, шапките и беретките целат кон намалување на текстилниот отпад. Одберете уникатен додаток – кажете „да“ за одржлива мода.

Видеото и фотографиите се снимени од страна на Меланија Николовска, како и видео продукцијата. Фото едитор на едиторијалните фотографии е Sam W. Lab. Модел за модниот едиторијал е Надја Миланова (Подиум). Шминката и фризурата е изработена од студентите Агнеса Ајризи, Тамара Андоновска, Исра Амати и Анастасија Пластовска од СУГС „Димитар Влахов“ под менторство на Ферихан Махмуд - Кека. Облеката е од продавницата Игралиште (Скопје), како и чантите од Main Days.

Мирјана Јосифоска е првиот македонски дизајнерски бренд за шапки, кој изработува софистицирани додатоци инспирирани од класична женска убавина. Мисијата на компанијата е да го намали текстилниот отпад преку одржлив дизајн и етичко производство во специјализирано студио во Тетово.

Модниот бренд пред две години ја промовираше првата колекција на шапки наречена The Seven.

реклама

Речиси магичен пијалак за слабеење согорува масти додека спиете

Read more

Земјотрес во Скопје

Read more

Ѓоковиќ откри што ѝ рекол на принцезата Кејт на Вимблдон, се осврнал и на нејзиниот изглед

Read more

Убиен 31-годишен припадник на АРМ по приватна расправија

Read more

Стил

3 чекори како да ги обновите веѓите откако премногу сте ги истенчиле

Read more

Каде треба да го чувате парфемот во лето?

Read more

Внимателно избирајте облека со детали: 5 дезени што прават да изгледате постаро

Read more

Сензационално издание на шведската убавица Елса во Кан

Read more
 

Магазин

Дали сте подготвени за второ дете?

Читај повеќе

Како да препознаете предозирање со витамин Б3?

Читај повеќе
  • filter

6 производи што не смеете да ги користите кога сте изложени на сонце

Читај повеќе

Нова јапонска апликација за запознавање им помага на осамените да најдат ВИ партнери

Читај повеќе

Како да препознаете дали сте навистина гладни или само стрвни?

Читај повеќе

Истражување откри што никогаш не треба да користите в хотел

Читај повеќе

4 намирници богати со влакна го подобруваат варењето

Читај повеќе

Психолог откри 3 типа на родители кои ги поттикнуваат своите деца да бидат разгалени

Читај повеќе

Трик како да постигнете совршен вкус на варената пченка

Читај повеќе