HBO објави трејлер за четвртата епизода од последната сезона на „Game of Thrones“
Третата епизода од осмата сезона на „Game of Thrones“ предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. Спојлери „летаа“ на сите страни, многумина имаа позитивни реакции, но не изостануваа ниту негативните реакции. На ред е осмата епизода и епилогот од големата битка.
Оваа недела многу прашања ќе бидат одговорени, а многу нови прашања ќе излезат на површина во четвртата епизода од оваа сезона на „Game of Thrones“. По изненадувачкиот крај на третата епизода, веќе знаеме дека не смееме да ја сфаќаме оваа серија здраво за готово. Затоа, очекувајте сѐ, па дури и работи кои никогаш не мислевте дека некогаш ќе ги видите на малите екрани.