Huawei ги претстави Nano Memory картичките – дали ова е крај за microSD?

Заедно со трите нови телефони, Huawei на вчерашниот настан претстави уште еден новитет: нова мемориска картичка која компанијата ја нарече Nano Memory (NM), која ќе ја замени традиционалната microSD картичка кај најавените модели Mate 20 и Mate 20 Pro.

Од Huawei велат дека NM картичките, кои се идентични по големина и облик како Nano SIM картичките, се 45% помали од microSD картичката и доаѓаат со најмалку 256GB меморија и брзина на пренесување на податоци од 90MB во секунда.

Кај моделите Mate 20 и Mate 20 Pro, NM картичките одат во еден од слотовите за Dual-SIM просторот и корисниците ќе мораат да изберат дали сакаат да имаат повеќе меморија или пак да користат две SIM картички.

Барем засега, NM картичките ќе бидат достапни само за моделите на Huawei, а компанијата не само што ги има единствените телефони кои ги користат ваквите мемориски картички, туку е и единствената која ги произведува.

Многу веројатно е дека во наредните години тие ќе се користат кај многу повеќе производители на смартфони, поради револуционерниот начин на кој се вметнати во физичкиот простор на телефонот – наместо во посебен слот за мемориска картичка, тие можат да бидат вметнати во секој телефон кој ја има опцијата да користи две SIM картички.

Цената и датумот на масовна достапност на NM картичките засега не е позната, но во наредните неколку недели би требало да добиеме повеќе информации од Huawei Околу деталите за овој новитет.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе