Неодамна го претставија малиот SUV Bayon за европскиот пазар, а сега од Hyundai го најавија помалиот SUV AX1.
Тизер-фотографиите беа објавени пред неколку месеци.
Според некои медиуми, новиот SUV ќе биде претставен со ознаката AX1, а овој модел најмногу ќе се продава на пазарот во Индија. Можно е да се продава и во други азиски земји и во Јужна Америка.
Новиот модел би требало да ја користи истата платформа како и граскиот Hyundai Santro, a ќе го движи 1,0-литарски трицилиндричен турбо мотор. Во зависност од моторот, се очекува 5-степен мануелен менувач и 5-степен AMT менувач.