И по 5 години Nintendo сè уште не го реши најголемиот проблем на Switch

Joy-Con контролорите се ноторни по проблемот „залутан џојстик“, а Nintendo и покрал апелите сè уште нема преземено ништо.

Британска потрошувачка група Which? го повика Nintendo да го реши проблемот со „залутаниот џојстик“ што продолжува да ги мачи корисниците на Switch. Резултатите од независната лабораторија на групата сугерираат дека дефект во дизајнот е причината за проблемот што ги мачи значителен дел од Switch контролорите.

„Залутан џојстик“ (stick drift) е дефект што предизвикува аналогниот стик да детектира движење кога го нема, а последицата е што ликот што гејмерите го контролираат во игрицата се движи сам по себе, што може да биде навистина досадно, особено во ситуации каде што е потребна екстремна прецизност на движење. Овој проблем не е изолиран за компанијата Nintendo, туку подеднакво ги погодува Sony и Microsoft.

Неодамнешниот тест на група потрошувачи покажа дека дизајнот на контролорите на Joy-Con предизвикува абење и кинење, што со текот на времето доведува до овој проблем, и покрај тоа што Nintendo тврди дека само мал процент од корисниците пријавуваат нешто погрешно.

Повик од групата Which? вклучува барања компанијата да спроведе независна истрага за „залутаниот џојстик“, да понуди бесплатни поправки на засегнатите корисници и да ги надомести корисниците кои морале да купат нови контролери поради проблемот. Which? е само уште една група на потрошувачи во низа која упатува сличен апел до Nintendo.

Потрошѓувачите покренаа повеќе тужби против јапонскиот гигант поради „залутаниот џојстик“, вклучително и групна тужба. Европската потрошувачка агенција (БЕУЦ) повика да се отвори истрага за проблемот,  аеден сервис за поправки во април за Kotaku изјави дека се „константно преоптоварени“.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе